наш (прид.) - најголем (прид.)

Во нашата најголема соба - спалната, поставивме столчиња и масичка.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Како и да е, но одделувањето наше од Бугарите ќе ни даде можност критички да се однесуваме кон бугарските работи, а не слепо да ги копираме и да насадуваме во Македонија, наместо национализам, социјализам, како што го правела тоа Внатрешната македонска револуционерна организација. 89 Значи, одделувањето на нашите интереси од бугарските, покрај другото, ќе нѐ избави од положбата како мајмуни да ги копираме бугарските непромислени постапки и на вера да ги примаме бугарските уверувања дека Бугарија е нашата арнотворка, а Русија нашиот најголем непријател; тоа ќе развие во нас критички однос кон нашите и кон туѓите постапки.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А тоа нам - било како на личности, било гледано низ една колективна, “македонска” призма, токму за да фатиме контакт со тој фантом на идентитет каков и да е и каде и да е, кој едновремено е и нашиот најголем култ и најголем страв - ни е повеќе од потребно.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Нема да биде лошо во иднина да изградиме и една статуа на Сара Леши пред ГТЦ на едниот влез, а на задниот влез да му напраиме една биста на Штерјо Наков, нашиот најголем транзициски деец.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Нашата најголема вина беше што не бевме Грци. „Омразата е како и накапката на алиштето, велеше дедо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ова се однесува и на нас, луѓето, поточно на нашата најголема скапоценост, умот!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нели ние го вежбаме во слични ситуации да размислува и да реагира на сличен а ако е можно и на ист начин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Затоа замисли си го во себе моментот кога Јана излегувала од продавницата. Како ќе и пристапеше.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Го нурнав влажното лице в дланки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сакаше да ми каже, но што? се прашував навреден и веќе сфаќав каква крв имаме ние од Кукулино: не простуваме, тоа е нашата најголема мака што или гроб отвора или до гроб доведува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таа ме изненадуваше постојано со своите писма: час ми пишуваше за некој збор од книгите, за некој настан од Македонија, поврзан со мојот живот и моето семејство во контекстот на актуелноста, час зафаќаше големи прашања од егзистенцијата, поттикната од читањето.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Беше време кога се зборуваше на сите страни за крајот на книгата пред напливот на новите електронски медиуми.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во тие времиња кај нас постојано се цитираше една Титова изрека дека човекот е наше најголемо богатство и дека, тој е во средиштето на егзистенцијата. Времиња, обичаи...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тоа всушност е нашата најголема празнина: недостатокот од спиритуална и морална бескомпромисност и непоколебливост”.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
(Бидејќи нема што да правиме, сепак тоа го правиме; наш најголем проблем е да ги пронајдеме деловите од времето во кое ќе го направиме тоа. Откритие. Свест.)
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Сталин е сега нашиот најголем непријател.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тој велеше дека е таа нашата најголема болка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)