наш (прид.) - мудар (прид.)

Нашите мудри мисли и гласна смеа се прелеваат преку балконските саксии, па преку тивките покриви се спуштаат до долгиот булевар Вилшир, фаќаат кривина кај палмите и продолжуваат надесно кон блискиот океан, каде што умираат во бучните води на намќорот Пацифик.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Конечно, третото умножение на записот го сочинил некој наш мудар и умен предок, кој сето ова го знаел, и сакал да ни каже уште нешто.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не туку така нашиот мудар народ и ја изрекол оваа мудра мисла: “ЗГОВОРНА ДРУЖИНА ПЛАНИНА КРЕВА“!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
4 Георги Старделов го формулира своето сознание начинот на кажувањето на Чннго, посочувајќи ни еден целосен паралелизам со народното творештво: „Првиот впечаток со кој се доживува прозата на Живко Чинго се наметнува низ сознанието со кое си го претставуваме нашиот модерен раскажувач низ ликата на нашиот мудар и ингениозен народен раскажувач...“
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)