наш (прид.) - мајчин (прид.)

Но јас би бил за тоа ние да се ослободиме од османизмите со опасна конотација за иднината на нашите деца, од нашите мајчини јазици, ти од албанскиот, а јас од македонскиот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А момчето исправено и загледано во морето не кажува ни три збора: доста се два, помислува, можеби не кажува и два, достатен е еден, помислува, можеби, не е неопходен и тој, помислува, можеби - тишината е нашиот мајчин јазик.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Го галам неговото осле, покротко и од него и само го прашувам и препрашувам каде се, кај се откорнале луѓето, кај отишол и Господ-бог прашувам?
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)