наш (прид.) - малечок (прид.)

И згора, повторно се смее и бесрамно додава: зар не е сиот на татко му?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Како да подразбра какво сомнение почна да се раѓа во мене, па вели: ова е синот на Иван Степанович, нашиот малечок Алексеј!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ѕвездената астрономија опишува еден универзум на фантастична разновидност: стотици билиони ситни ѕвездени системи во нашата мала галаксија, стотици билиони галаксии во нашиот малечок универзум.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
ХАОСОТ ОДВНАТРЕ
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Добриот сон пак се јавуваше, желбата за слобода и Сентерлевиот рид ништо не можеше да ја уништи во нашите малечки срца.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Зигмунд сигурно се будеше многу пред мене, или воопшто не заспиваше; кога ќе ме разбудеше вревата, тој никогаш не беше во креветот покрај мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Останувавме во таа опиеност сѐ дури не се изморевме од неа, додека не заспиев, а се будев кога мама и татко, сестрите и нашиот малечок брат, тукушто вратени, ќе завревеа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)