наш (прид.) - културен (прид.)

Дневниците се водени од Ноември 1976 до последната недела на Ворхол во фебру­ари 1987, давајќи детална слика за уметниковото ужасно спуштање на проклетиот терен на “Исполнети молитви” на Труман Кепот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во првиот број на листот при дното на уводната страница, под линија, како што е тоа уобичаено во некои медицински лексикони за народ, беше курзивно напечатена оваа максима со негови иницијали: „Солидните темели на нашата културна заедница се само позитивните принципи на Христовата етика, а неразоримата платина на врвот на нејзиниот громобран е само јакиот морален карактер на нејзините слободни синови”.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
За да потенцирам одредени моменти во нашиот културен простор.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Низ сето тоа, Ворхол, како принцот Просперо (pros- per - на англиски значи цути, успева) во Маската на црвената смрт, се препнува пасивно во светот полн со “убавина, премногу развратен, бизарен, нешто помалку ужасен и без нешто што би предизви­кало возбудлива одвратност”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Така, во последно време се почесто ми се наметнува констатацијата дека нашиот културен идентитет го штитат ВОЛОНТЕРИ.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Откако ќе се избере наречјето што има да биде македонски литературен јазик, ќе треба да се разгледа и, прашањето за македонскиот правопис. За правописот како и за правецот на нашето културно развивање, ќе треба тука да се направат неколку забелешки.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Годините до 76-та кои со право го резервираа местото на Ворхол (и Кепот) во нашата културна историја, одамна поминаа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Манџата на нашите културни дејци (се мисли на оние што се одредени да ја готват), изобилува со многу „поправки“ кои секогаш ја чинат непроменета, иста.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)