наш (прид.) - заеднички (прид.)

Во едно друго писмо (ова е напишано од Бугарин) вака ни пишуваат: „Едночудо празноглавци, глупаци и подлеци се зафатиле да посеат раздор меѓу јужните славјани и да им угодат на нашите заеднички непријатели; но нивните напори ќе останат јалови зашто честите и здравомислешти мажи се смеат над исторските шарлатанства на архимандритот Пелагиќ и над „ереминиот плач“ на неодамна починатото многублажено „Право“.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дај боже, сега пролеаната крв да послужи како завет меѓу живите, коишто се должни пред таа крв да се заколнат за една заедничка културна работа, за полза и среќа на нашата заедничка многу напатена татковина – Македонија. *.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Македонија е наша заедничка мајка и нѐ вика сите на помош.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Балканот ќе се ослободи од самокурбанот кога ќе биде моќен да придонесе разноликостите меѓу луѓето да бидат прифатени како богатство на човештвото, како што разноликоста во природата се доживува како богатство во нашата заедничка татковина животот!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На тој ден, љубов моја, во твоето мало сопче близу до Металскиот завод започна нашето заедничко живеење како маж и жена.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Слушај Срцка, овие брези ме однесоа кон брезите на нашиот заеднички поетски идол Есенин. И тој под брезите ги давал ветувањата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- А овој бисер! - Тоа е нашиот заеднички „лотос“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Мајка се грижеше за мирниот тек на нашиот заеднички сон.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Врати се, мора да го обновиме нашето убаво засолниште, нашиот заеднички кревет кој веќе не е ниту испотен, ниту жежок, ниту буден, ниту гласен (затоа ли не се крши).
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Ова е наша заедничка борба, вели Горачинов, и омразата да ја исфрлиме од нашето сеќавање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога ќе забележеше дека не можам да го следам во она што ми го кажуваше, правеше еден гест кој ни беше како поздрав, а и како знак да ја смениме темата за која разговаравме: со врвот на показалцот ми го допираше челото, па врвот на носот, па усните, и започнувавме да зборуваме за нашите мечтаења – посакувавме да заминеме за Венеција, само тој и јас, Венеција, која во копнежот по нашето заедничко постоење во тој град трепереше онака како што замислувавме дека трепери Месечината во водата на венециските канали, Венеција, со архитектура налик на тантела, која видена во книгите за тој град, пред нас во нашите замисли постоеше пореално и посилно отколку пред очите на многумина од оние кои биле таму, Венеција, секогаш кога ќе ја споменевме, како во некоја игра си ги приближував поддланките, спојувајќи ги местата на пулсирачките жили од двете раце, ги извивав малку прстите, правејќи така гондола, и запловував со гондолата- раце по воздухот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Низ книгите ги откривавме и нејзините сликари, Карпачо и Белини, Џорџоне и Лото, Тицијан и Веронезе, Тинторето и Тиеполо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нашето заедничко време. Ќе ни го одземат нашето заедничко време...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко ми како да го насетуваше прашањето што сакаше да му го постави Чанга: – Длабоко, дури во дното на нашето сеќавање, постојат заборавени, изгубени празници кои го содржат и нашето создавање, обликувањето на нашата заедничка среќа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не ја одминавме во муабетот и млечната криза (тогаш мене ми пролета низ глава прашањето од што ќе се прават млечни чоколада ако кризата потрае подолго и баш тогаш ти се откри на левото рамо прерамката, боја чоколадна), скршивме и по некој лаф за здравјето и доброто расположение на нашите заеднички пријатели.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Пред да се разделат.) Побрзајте. И... за нашава заедничка тајна - ни збор!
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Мајка остануваше во нашата заедничка куќа со вербата дека е последниот дискретен свртничар на нашите затрчан судбини, во новите меандри на минливоста.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)