наш (прид.) - дневен (прид.)

Мојата ќеркичка донесе една дома пред некоја вечер - ја испроба на вратата од нашата дневна соба и утврди дека може да чуе двојно повеќе отколку со сопственото уво на клучалката.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Скришно си пуши жената, па има фрка да не ѝ стегнеме тужба поради тутунскиот чад што продира во нашата дневна соба...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Пред некој ден, во еден наш дневен весник, прочитав дека се намножиле „ороспичиња“ пред Владата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Мислам дека многу касно на насловната страница на еден наш дневен весник се сретнав со репликата: „Ај речи му многу лајна да не јадат.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
На надворешната врата го сретнав поштарот кој ја имаше во едната рака одделено нашата дневна пошта.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)