наш (прид.) - детски (прид.)

Пенливата трага што бродот ја оставаше зад себе,едноличната бучава на моторот помешана со многујазичниот метеж на разголените туристи и брзозборните дофрлувања на неколку мештанки облечени во темни носии, не поттикнуваше на жив, мрешкав дијалог, сѐ додека пред нас не се откри Л. вовлечен во островскиот залив,речиси од истата онаа панорама која ја прижелкуваме од нашите детски спомени.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Не знам дали бевме подземени од успешната трговија или од нашата детска лесномисленост, ама не знам што ни текна, влеговме во една кафеана и испивме по едно чоканче еден зелен ликер со мента.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- А, на баба ти Менка и дедо ти Марко?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ене, онаа, крајната соба беше наша детска, до неа е дневната, на другата страна има друг балкон, помал од овој што сега го гледаме, и таму е собата на мајка ми и татко ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А станува збор за почитуваните јунаци од приказните со кои не заспиваа во мирните детски ноќи нашите мајки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Напати помислував, веројатно за да се оправдам себеси, дека се случувало нешто слично и со судбината на јунаците од нашите детски соништа, кои без претходно најавена причина, само заради неконтролирано изречен збор или грешно срочен одговор, ја губеле силата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Крап - крап - крап!!! Крап - крап - крап!!! Одѕвонува нашиот детски чекор на улицата сега Анастас Дурсаку...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А се плашевме, со нашите детски глави, ако го спомнуваме често името, дека прва ќе ја земат и ќе ја убијат нашата Сталинка.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сините, па зеленикави води на реката добиваа бели подвижни брегови, а од јужното море беа долетани галеби. Тоа беа последните мигови на нашиот детски рај со козите...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А сега летот на чавките од калето како да попапсуваше, уште пред да се огласи нашиот детски крик.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Така, без тропање, брзо влегоа и во нашата детска соба.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Обично во нашата детска соба, небаре за да ги бранат нашите детски животи, висеа две големи убаво врамени слики, во стакло, на Сталин и на Тито.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)