наш (прид.) - голем (прид.)

Секоја мина одделно поставена и секое минско поле се наша голема предност.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Уметноста е создадена од низа индивидуалци кои се изразуваат себеси, тоа не е прашање на напредокот. Напредокот е само наша голема претензија.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сликата која не шокира, не е вредна за работа.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
- Ова е нашиот син, мој и на Томо, ова е плодот на нашата голема љубов.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Во годината на раѓањето на вечниот и славен Сталин, на крајот од векот на неговото постоење, но и неговото сигурно останување во комунистичката вечност, ни претставува голема чест што можеме да ви го покажеме нашиот голем придонес во создавањето на вистинскиот нов човек ослободен од сите ропства, овој пат ослободен и од најтешкото, божјото ропство...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Имаше големи поводи да се пишува за нашата голема несреќа, особено кога ни идеа вестите одовде, преку границата, за ликвидирањето на нашиот чичко, за свирепото однесување кон многу припадници од нашето семејство.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Бункерите станаа наша голема школа, универзитет.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Религијата, како што знаете, во нашата земја е забранета уште во 1967 година за време нашата голема културна револуција...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Феноменот на Чудна Јамка настанува тогаш кога следејќи некоја нагорна (или надолна) линија долж скалилото на било каков хиерархиски систем, одеднаш ќе се најдеме, на наше големо изненадување, на почетната точка. (Во изложениов пример во улога на хиерархиски систем се јавува системот на музички тоналитети.) Понекогаш го користам терминот Заплеткана Хиерархија кога сакам да дефинирам систем во кој постојат Чудни Јамки.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
— Должен сум, вели, да ви ја соопштам тажната вест дека почина генералниот секретар на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз, таткото на народот и нашиот голем учител и водач, генералисимус Јосиф Висарионович Сталин.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А ете, погледнете што сторивме: се соочивме со вистината дека не умееме ни да ја засадиме а камоли да ја одгледаме таа наша голема, да не речам света билка.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Никако да ни тргне од рака таа тешка и мачна работа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А навечер со сите драги фанови си дрдориме на Интернет за нашиот голем учител...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Се додека не се фатат овие лоши луѓе нема да има мир меѓу рисјаните во овој дел од нашата голема царштина.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сепак јас продолжив: - Арафат ја водеше палестинската револуција со својот силен вознес на крајот исцрпен од ситните тактизирања, за да биде понесен од лажната стратегија на малите чекори која му беше некогаш наложена како пат на враќање од егзил.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Махмуд Дарвиш веднаш прифати: - Арафат не се прослави со воени битки, ниту во егзил ниту во татковината, но тој беше нашиот голем победник во борбата за одбрана на правото за постоење на Палестина...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Да... Тогаш и пркосевме на смртта со нашата голема и неограничена вера во победата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Добро, Зоки. А слонот? - Слонот ми личи... ми личи... на нашиот голем бокал дома. Не е токму таков, но ако.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Марксистичко-материјалистичката “екстремна позиција” на Крлежа е малиген израсток врз во основа здравото граѓанско ткиво на нашиот голем писател.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Сега сите ја гушкавме нашата Сталинка, небаре сакавме да нè разбере дека никогаш нема да ја прежалиме таа наша голема спаси­телка, сигурно прва жртва на сталинизмот во овој јужен дел од Балканот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се враќаше од неизвесноста нашиот голем спасител.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Нашата голема возбуда ја запре татко ми кога тивко рече: – Чанга сигурно ја избрал смртта, или пак патот што сигурно води кон смртта, со малку надеж за спас, за излез од Калето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И нашето големо семејство, кое започнува да се рони. Ти си еден од неговите столбови.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А, вам, другар Јагулче Дримски, Ви посакувам успешна работа на чело на Дирекцијата за доброто на нашата голема Партија и нашите народи.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Трим Тоска, откако сите во салата се смирија, продолжи: - Почитувани другарки и другари, нашата голема Партија, во согласност со сите локални и републички органи на власта, откако изврши повеќемесечни истражувања по биографиите на нашите кадри, реши на прекалениот другар Јагулче Дримски да му ја довери изградбата на првата хидроцентрала на нашата река, недалеку од истекот од Езерото...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Никогаш не ја виде мајка си. Никогаш не почувствувала што е тоа мајка. Нашата голема Мајка. Нашата Мајка, храброст балканска.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Беше тивка и храбра, силна во својата величествена самота, во тој наш голем пораз, одвлечени на маргините од животот во кој секогаш имаме веќе спакувани одговори за нашите одложени знаци на возвратена љубов.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)