наш (прид.) - близок (прид.)

Навистина смртта на наш близок и почитуван роднина е таков феномен што најсилно ја поттикнува униформноста.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Почнуваше нашето фантомско патување од музеј во музеј, од сцена на сцена, оневозможени за средби со обичните луѓе, со нашите блиски.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Потоа следува респект кон предците, наши блиски или подалечни роднини и кон оние заедничките наши предци, чии роднини и кон оние заедничките наши предци, чии дела се темел на: - чеснољубието, - славољубието, - славославието, - словото, - славата, - славјанството, - славо- словувањето, - словодарувањето на другите народи, - слогувањето на буквите, - слогувањето на зборот, - служењето на Бога преку писмото, преку Светото писмо...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Моето делумно турско потекло, по бабата Хазбије анм, прва братучеда на Али Фетхи Окјар, некогашниот Ататурков премиер и амбасадор на Република Турција во Франција и Велика Британија, беа дополнителна причина за нашите блиски односи, како и почитта кон Југославија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бен Али се надоврза: - За мојата земја е чест да имаме амбасадор кој е и писател од наша блиска, пријателска земја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ги заборавивме, ја заборавивме нивната крв; ние, крвта на нивната крв.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
При ретките доаѓања на наши блиски од другата страна на границата, во времето на привременото смирување меѓу двете земји, најстариот брат вешто го дополнуваше семејното стебло со нови податоци, впишуваше нови не­познати имиња, додаваше нови гранки, за нас непознати.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Го впивме тоа горчливо искуство на претците со мајчиното млеко, па го заборавивме – сакајќи да ѝ припаѓаме на новата Европа, заборавајќи дека Европа еден ден одново ќе ја сврти кон нас својата крволочна челуст; верувајќи во новата Европа ја заборавивме судбината на нашите блиски и далечни претци, заборавивме на крвта која им била пиена затоа што биле од инаква крв, ги заборавивме неброените судбини на понижуваните, лажно обвинуваните, прогонетите, мачените, усмртуваните, заборавени и од Бог и од ѓаволот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)