наш (прид.) - беден (прид.)

Не можеше, со насмевка (сепак тажникава), а да не помисли (односно парафразира една од омилените мисли, онаа) на Вирџинија Вулф во „Бранови“: Го спуштив весникот на масата и помислив, нема сомнеж дека овој наш беден живот, овој наш неугледен живот, се облекува во блескот и ја добива полната смисла само под окото на љубовта.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Каљостро: Добравечер, Скопје, јас сум Зомби.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Едно време емисијата „Неидентификувано“ (студентско радио, сабота во 20 часот) не беше таква и поради тоа, ко некаков постхумен перформанс, ко пијана рецитација над гроб - а богами и ко одбележување на оние побизарни нешта во нашиов беден медиски простор (емисијава на крајот само ја потврди таа беда, тој недостаток на визија и концепт) - пренесуваме неколку фрагменти од подобрите времиња на таа емисија, но, рака на срце, прилично изменети со scissors-hands сензибилитетот на нашиот литературен адаптер, П. Вулкански.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Еден чиновник од отсекот со свои очи го видел мртовецот и веднаш препознал дека тоа е Акакиј Акакиевич; меѓутоа тоа му влеало толкав страв, што тој почнал да трча со сета сила и не можел добро да го извиди, туку видел само како овој оддалеку му се заканил со прст.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Една од најпровокативните личности на светската интелектуална сцена, за почеток ја имате во Маргина (почнуваме со едно многу пикантно делче од “Прозирноста на злото” кое на многумина ќе им ја подигне температурата; потоа, во избор и во фин, мек превод на Деспина Ангеловска следува спуштање со Кул Меморис; третиот есеј е од трета книга, “Симулации и симулакруми”, и веќе, во скратена форма, пред неколку години, беше објавен во “Студентски збор”, со уредничка ограда дека тоа што таму го пишува не се однесува на нашиот универзитет; го објавуваме пак поради слатката можност да речеме дека токму се однесува на нашиот беден универзитет); во следниот број (можеби!) тематот за Бодријар продолжува, а доколку имаме среќа, наскоро ќе бидат и неговите први книги на македонски...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Што мислите за такви гестови, се чувствувате доволно зрел на тој начин да лупате по нашата бедна шведска маса?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Но тоа се случи и нашата бедна приказна неочекувано доби фантастичен крај.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Емисијата „Неидентификувано“ на Каљостро и Кракатау (претставена во минатата Маргина) веќе не постои, после пар катастрофални емисии, потполно издишани од ентузијазам, хумор, луцидност, сведени на вулгарни преџвакувања на едни те исти нешта, до зла бога здодевни.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)