наш (прид.) - бегалски (прид.)

Ова нејзино кажување, кое­што повеќепати го повторуваше, секогаш предизвикано од самите настани, не ја открива само суштината на нејзината храброст да се соочува со неизбежните настани во историјата на нашето бегалско семејството туку и вербата во мајкината метафизичка верба, во нејзината натфизичка сила.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
За душата уште се зборуваше во нашето бегалско семејство, а тоа често се случуваше, кога денот ќе осамнеше со абер од другата страна на границата, кој најчесто, ако не и секогаш, во тоа клето време на сталинизмот значеше исчезнување на близок.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во клучните мигови од хрониката на нашето бегалско семејство, кога тоа сигурно беше очи в очи со самата смрт и кога само чудото го спасуваше, Мајка си го повторуваше постојаниот рефрен дека само Бог можел да ја прати да си ги спасува чедата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)