наш (прид.) - од (предл.)

За да биде појасна ползата од таквото одделување наше од другите народи доста е еден критички поглед врз работењето на тукашниве студентски друштва: бугарското и српското.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Има многу наши од преку граница, од вашата ревизионистичка Југославија, наши бре, од иста етничка припадност и вера, пардон националност, кога ќе дојдат овде во татковината – мед и млеко откриваат, рајот го гледаат, некои и до Водачот стигнуваат, а кога се враќаат, друга песна пејат. Мизантропи.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Широкиот асфалтиран пат, дело на нашите од градежното претпритјатие „Гранит“ се протега долж тесната клисура на чии падини како печурки се начичкани бетонски бункери со сиви капаци, остаток од недамнешно време.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Како и да е, но одделувањето наше од Бугарите ќе ни даде можност критички да се однесуваме кон бугарските работи, а не слепо да ги копираме и да насадуваме во Македонија, наместо национализам, социјализам, како што го правела тоа Внатрешната македонска револуционерна организација. 89 Значи, одделувањето на нашите интереси од бугарските, покрај другото, ќе нѐ избави од положбата како мајмуни да ги копираме бугарските непромислени постапки и на вера да ги примаме бугарските уверувања дека Бугарија е нашата арнотворка, а Русија нашиот најголем непријател; тоа ќе развие во нас критички однос кон нашите и кон туѓите постапки.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)