наш (прид.) - љубов (имн.)

Мене ме донесе, тоа чудо од далеку, а тебе те прибраа турците во залог, те тераа како стока со камшик па те дотераа право пред мене. - објаснуваше Трајанка. – Но секое раѓање било болно, велат старите, еве гледаш како нашата љубов се роди со болка.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Нашата љубов беше толку голема и интензивна затоа што секој миг чекавме да згасне, да исчезне, да ја снема засекогаш.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Од едно незначително или значително писмо, мојата љубомора создаде сложна машина која што ги раскина, со своите запчести тркала, нашите души и ја уби нашата љубов и нашата среќа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Впрочем не еднаш и ти го имаш речено тоа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Покрај тоа и самиот отсекогаш верував дека планината ја заслужува таа наша љубов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не раѓајте се вие проклети мисли Што ќе убиете мртво тело Штотуку се отвори цветот На нашата љубов и гром одеднаш се сруши во нашето беспаќе...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Тоа е нашето сонце кое свети само за нас, тоа е нашата љубов, тоа е нашето богатство...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
- Томо! Верувај ми, немаше ништо. Верувај во нашата љубов. Не е тоа тоа, како што изгледаше...
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не, не, не го колнам плодот на нашата љубов.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но, реков, во името на нашата љубов и иднина, ја сакам само вистината.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- За таа наша љубов знаеја сите, дури и нашите родители и ни предвидуваа богата и среќна иднина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Во името на воскреснувањето на нашата љубов...!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се колнам само нашата љубов на илјади атоми разбиени, поделена со другите, тоа што си им го дал на другите само тоа е твое, во тоа е смислата.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Татко ѝ ги зеде двете раце, а потем ѝ рече со нежен глас: – Одлучи, мила моја, да патуваме мојата љубов кон тебе. Нашата љубов!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Немаше граници во нашата љубов кон Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Има ли живот на оние ѕвезди, Марија, да прашувам. Нишките на нашата љубов не допираат до тие ѕвезди, да слушам.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Точно е дека и од порано се сомневав во фриволноста на Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Оваа пристрасност веројатно е последица на она мое воопштено размислување и оценка дека нашата врска, или поточно нашата љубов била една голема несреќна градба.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Спомна и некоја несправедливост кон мене од нивните искажувања а веднаш потоа уследија и зборови во одбрана на нашата љубов.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не верувам! А во што не веруваш? -ја прекина гласот на Непознатиот: Мислиш дека лажам? – се бранеше Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Јас сакам вода и водата сака мене нашата љубов е взаемна ѝ земам ме зема.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Во овој нечист свет јас си имам засолниште, тоа е мојот олтар од бели орхидеи, а патот до него е послан со розеви и црвени ливчиња од рози, хорот од ангели ја претвара нашата љубов во мелодија за душата, а Купидон на лира ја свири химната на среќата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Моето постоење, конкретумот на моето битие без тебе, без нас, без она што можеме да постанеме заедно, без нашата љубов, без нашиот копнеж и жед за животот би било сурово, измачувачко, ништовно.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Изградете си и вие храм, светилиште, олтар, во кое ќе се молите за божествена светлина во вашите погледи кои ќе ви ги поврзат душите со оние кои ги сакате под златната месечина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
На нашата љубов и беа потребни само неколку прекрасни години, искрени и длабоки чувства, солени солзи, за да остане вечно млада, убава, расцветана.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Таа љубов прави повторно да се родиме, да се издигнеме над болката.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Јас го изгубив сопственото „јас“, тебе ти го подарив сопственото срце, душа и име, не знам кој е ден ни месец, водам борба со себе и се презирам светот, како целиот свет да е крив.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сиот снег од Сибир не може нашата љубов да ја затрупа, вели Горачинов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа беше симбол на нашата љубов.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)