наш (прид.) - училиште (имн.)

Ние, нашето семејство и семејството на нашето семејство, нашето училиште, нашата црква, нашиот град и нашата земја, нашата телевизија и филџанот за кафе и уметничката комода, и нашата тетка Џеси, се реални: и тоа е тоа; можеме да си веруваме едни на други: и имаме исполнет живот.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Зарем ќе биде наставник и тоа во нашето училиште?
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Тато, знаеш ли дека Вера што живее кај тетка Рајна наблизу, е учителка во нашето училиште.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Таму учениците од нашето училиште секогаш на денот на востанието носат цвеќе...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
За крајот: во нашето училиште сите се трудат да не научат дека - ЗАГАДУВАЊЕТО на природната средина најдиректно го доведува во прашање и самиот процес на натамошната еволуција на ЧОВЕКОТ!!! ***
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
1. Од Еколошката секција при нашето училиште бев задолжен да извршам разговор со претседателот на Еколошкото друштво „Здрав живот“ - Кочани (името не го пишувам, лично сметам дека претседателите се менуваат, а принципите остануваат).
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Влатко информираше: „Постарите жители на населбата, на пример баба Анѓа, велат дека имаат поднесено барање за дислокација на овој автобуски терминал што се наоѓа пред влезот на нашето училиште. И сѐ уште ништо!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Така и во нашето училиште ние се грижиме за дворот да ни е убав, ама тоа е многу тешко.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Колешки и еден колега“ особено нагласи директорката, „многу ви благодарам за вложениот труд и вонредните напори за афирмација на нашето училиште.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Надолу веќе слегуваше директорката Веселинка со двете раце спружени за поздрав: „Драга писателке, добредојдовте во нашето училиште!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Мајка Амелија продолжила: „Нашево училиште, овде, во Каламари, се состои од сиропиталиште кое финансиски опстојува со средствата што се плаќаат за училиштето”.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка Амелија ја погледнала милозливо и рекла: „Ќе бидеме среќни да ја примиме Ервехе во нашето училиште. Сите ни се мили, пред единствениот бог.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)