наш (прид.) - ум (имн.)

Со тоа се конституира фантастичната сложеност на нашиот ум и се создаваат идеи за светот околу нас.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Мозокот сè почесто се претставува како динамички, повеќедимензионален холограм.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„Лукави се стапиците што животот ги поставува“, му реков.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ми личат на чуденки кои заскитале по патеки што водат низ ормани, честари, гори!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Самиот ги создава, реков, а потоа му ги препраќа на нашиот ум!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
"Животот го следи само она што нашето залагање настојува да го оствари; затоа залагањето упорно им се нуди на нашите раце и на нашиот ум; им помага тоа да го сторат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А и сознанијата до кои божем доаѓам не поминуваат без многу прашалници.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Гледаш, батка, колку многу зборови, само за да го подисплашам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Којзнае какви сѐ изненади може да ти приреди!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ние самите сме ковачи на својата судбина". (Ова е онаа втора порака, што ми се насмевнува од темнината...) Знам, ќе си заминам и тоа речиси пеш од таа изодена приказна на мојата младост, а малку понесов како утеха и како искуство.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Да, сето тоа е одраз на нашиот ум.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
- Дали е тоа одраз на нашиот ум? – праша Еразмо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Како што се огледува нашиот лик во водата, така во стварноста се материјализира визијата, фантазијата создадена во нашиот ум.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Најди го заедништвото меѓу физичката димензија и психичката поставеност, можеби, можеби третета опција е она што вистински е скроено во нашиот ум.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Сè уште не знаеме дали нашиот ум може да се прилагоди на степенот до кој ги прифаќаме ВР световите како пореални од реалните светови.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ако нашиот ум е налик на овие комјутерски хибриди, тогаш можеме да очекуваме дека нашите домови се исто така комплексни мешавини од само-организирани и планирани компоненти, или, кажано со техничката терминологија, од хиерархии и мрежи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Разбирањето на убавината, како и откривањето на Каменот на мудроста, само се прашања на еден повисок ниво на свеста. Duchamp нè повикува да ја стекнеме таа свест, свртувајќи го нашиот ум и нашите очи кон убавината што нè опкружува.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И понатаму, онаа вештина на претворањето на нижите метали во злато, може да се спореди со Duchamp-овото претворање на секојдневните предмети во уметнички дела.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Иако нашиот ум е ограничен.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Заборавете го минатото како средство за обвинување, исчистете се еднаш од тие напластени шеми на размислување, тука треба да се разберат и простат грешките од минатото.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Штом некоја шема не функционира, направете едно чистење во својот духовен живот, како што напролет со постите правиме чистење на своето тело од сѐ што се напластило како негативно во нашиот организам, во нашиот ум и во нашата душа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Дните поминуваат, но книгите, книгите, Антоњина Павловна, остануваат на полиците, и големото дело на кое вие без да барате за себе корист му служите, навистина е големо и обилно, и секој ваш ред ѕвони и одѕвонува во нашите умови и срца со вечен рефрен.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И пепелта, и огнот се дело на нашите раце, а се разбира, и на нашиот ум, тврдеше татко ми.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но да се разбереме, ваквото наше однесување не е само плод на нашиот ум туку тоа е и казна, изречена од највисоко место.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Против неа нема приговор!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Љубовта е наша потреба, наше исполнување, веруваме во таа сила која полека не уништува, отров за нашиот ум, кој се шири и ги замрзнува сетилата и секоја наредна минута убавите чувства се претвараат во омраза.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Зар е тешко да се сака, зар тие што живеат за љубов од љубов да умрат.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)