наш (прид.) - тело (имн.)

Движењето или редоследот на движењата стануваат одвишни, дури ни гласот не е доволно соодветен, најновата технологија покажува дека нашето тело полека се менува во некаков линиски код што ќе може да се исчита со сканер.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Како е можно да се мисли тој парадокс?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Одговорот што го дава Спиноза е во поинаквото дефинирање на нашето тело.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Татко ми добро знаеше, а мајка ми во тоа не требаше да се убедува, дека за нашето физичко зацврстување на нашето тело, за правилно чекорење и исправен од во животот ни е неопходно само млекото, млекото, млекото... ***
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И додека полека се отвора ризницата на портокалите исечени врз сртот на планината и додека го вадиме првото неочекувано ковче од мекото месо од телото на рибата, сега веќе во нашето тело едно ненамерно - намерно подбуцнување со зелено стапче мало ситно ништожно, го буцка нежното тело на вжарениот трупец и тој од покос се отвора пред нас со величествената светлина и топлина од неговата утроба, паѓа.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Наспроти 1-2 точки на 1 cm2 за восприемање на топло, односно 7 за студено и 25 точки за допир, на секој квадратен сантиметар на нашето тело постојат 170 точки за восприемање на болката!
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
„Ќе видиш. Ќе те одведам далеку над селото каде што бистрината на водата воспоставува контакт со водата во нашите тела. Ја здивува крвта. Ќе видиш.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Се во нашето тело гори, согорува, се се разгадува преку согорувањето.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Горењето на вечниот оган во нашето тело значи живот, горењето на нашата свеќа во срцето е љубовта духовна.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Сѐ уште бакнувајќи се, му го искинав сплесканиот, исушен омот и тогаш тој ми отскокна низ прстите како федер од часовник и падна во песокта меѓу нашите нозе. Ми се тресеа рацете.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во паника грабав по песокта, го најдов Вулканот, се обидов да го исчистам па да го навлечам без да ја нарушам атмосферата (Берт Ланкастер немаше ваков проблем) и ги почувствував зрнцата песок во него, па удар на молња, и Големото Езеро во позадината се претвори во Тихиот Океан; кожата ти имаше вкус на сол и на настојчивото прашање на моите колкови твоето тело одговори “да”, твоите бутини се отворија како крила од мојата половина додека задишани испливувавме од бакнежот по кој ти молеше Ох, боже, да. . ; да, звучеше остро како крик од болка така што за миг си помислив дека ние веќе го правевме она и дека некако сум го пропуштил моментот кога сум навлегол во тебе, кога сум навлегол на бескрвниот начин на којшто еден млад маж ја отфрла својата невиност, сум навлегол како да поминувам низ портата што води кон остатокот на мојот живот онаков каков што јас сакав тој да се живее, да, но; О, тогаш увидов дека сѐ уште неповрзани претавме во калта и дека имаше песок во Вулканот додека се судиравме сѐ уште посегнувајќи кон совршениот склоп, сѐ уште Овде грабајќи по Вечноста која што ни беше оддалечена само за мало нагодување, само еден милиметар на лево или делче од инча на југ, иако со сето тоа нагодување песокливиот Вулкан се лизгаше и испадна, но ти повторуваше да иако главата ти климаше не-не-сосем-речиси и срцата ни чукаа како луди и ти рече да ДА чекај ... Margina #32-33 [1996] | okno.mk 179
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Со купаќи околу зглобовите, претавме како пливачи за да си ги ослободиме нозете, скоро како да очекувавме плимата да не облие исто како Берт Ланкастер и Дебора Кар во нивната славна љубовна сцена на плажата во филмот „Од овде до вечноста“ - сцена која е толку славна што иако ниту еден од нас го немаше видено филмот, нашите тела ја заземаа истата положба како филмските ѕвезди на песокта и ти нежно ми шепотеше, „Се плашам да не останам трудна,“ а јас тивко ти одговарав, „Не грижи се, имам заштита,“ и продолжувајќи да те бакнувам, ги напипав соблечените кратки пантолони и паричникот во кој со месеци го носев Вулканот како да беше амајлија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога брат ми на светот му го соопштувал ова свое сфаќање како апсолутна вистина, не се сетил на мојата болка од она попладне кога тој имаше тринаесет, а јас седум години, онаа болка и оној страв предизвикани од погледот на разликите на нашите тела, од помислата на раснењето и делењето со детството, од претчувството дека мојот живот и неговиот живот нема да продолжат заедно и ќе чекорат одвоено кон смртта; го заборавил тоа попладне и тагата и стравот што потекнаа од него и што како сенка паѓаа врз мене претворајќи се во некоја друга тага, во некој друг страв, влевајќи се во некои други таги и стравови.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Заборави; и на раснењето на сите девојчиња, на процесот што го нарекуваше „станување жена“, му додели само едно својство – зависта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Стапување во контакт Нашите односи не се веќе испреплетени со другата страна на улицата во која живееме (читај: каде што го ставаме нашето тело во кревет секоја ноќ) туку преку хиперлинковите во okno.mk 25 виртуелните мрежи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Не се вртам јас, мајчичке и нема од мене никаков таков особен мирис, бидејќи сум сѐ уште во целосното наше тело, како што е, се сочував себеси, а ете вие госпоѓо, веќе така се начнавте - затоа и мирисот е навистина неиздржлив, дури и за ова место. Само од учтивост и молчам“.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Ах, тој пак со истото, јас така и претчуствував затоа што има мирис од него, тоа тој се врти!“, проговори Авдотја Игнатјевна.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Слично на тоа, кога еден ден нашето тело ќе стане старо и бескорисно, преоѓаме во ново тело.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Светлината од уличните канделабри, која продираше низ завесата во вид на сончеви зраци низ разиграните лисја на густа шума, играше со сенките на нашите тела на ѕидот што ги формираше светлината од столната ламба.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Интегриран е во нашето тело.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Но кога еднаш ќе научиме да возиме, сиот автомобил е во нашето тело.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
- Специјалист за заболување на централниот орган на нашето тело - се кикотеше Б.С.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Додека под нашите раце бесшумно исчезнува ноќта кон наслутениот смев интимни сосема одиме Оваа постела потна е море со високи бранови што во пените на чекањето ги фрлаат нашите тела и на тој пат што мами сосема измешана плови зелена гранка од соништата и раката од пелин Па сѐ по малку сетни рацете твои како пристан тогаш сум и брод и галеб што во него ќе слета и ја наоѓам во него онаа неизбежна вистина што мавта и подмладува со рацете на ветерот
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Значи дури и на ова базично ниво - нашето знаење за структурата на нашето тело - нашиот мозок е одговорен за конструирање на таа реалност за нас.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
И нашето тело ненадејно станува лесно, преминува во убав ветер; ненадејно, ние стануваме двојни: надесно, рака - налево, рака; надесно, нога - налево, нога; страни и уши и очи и плеќи не граничат со останатото.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Дали е тоа навистина исчезнување и на духот и на материјата, на нашето тело оставено да гние два метри под земјата како храна за црвите, навистина ли е залудно сѐ што учиме и за што се мачиме?
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)