наш (прид.) - суштина (имн.)

- странските негативци (читај: терористи) се Руси и други екстремни Словени, по некој Германец, Арапин и жолторас, а домашните се поединечни психопати, оптоварени од трауматичното детство; - двојниците на странските политичари – Горбачов со бемка на челото, Садам Хусеин, папата или Далај Лама се омилени епизодисти во пародиите и комедиите; - на крајот од филмот, странскиот криминалец експлодира со стариот дворец (странски), храмот (странски, древен) итн.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И сето тоа го чинеме само заради себе, во тоа е нашата суштина, оние по нас треба да продолжат да го чинат тоа исто така само заради себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Алберт и јас сме само припадници на една генерација што заминува, тој поважен, јас поневажна, вели Дени, но нашата суштина ќе остане во Clock House.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Нашите јазици ги содржат нашите разлики, нашата суштина, но и нашата помешаност со јазиците на исчезнатите империи, но најмногу со последната, Османската Империја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)