наш (прид.) - судбина (имн.)

Татко ми првпат беше категоричен и јасен во однос на нашата судбина и судбината на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Дали нашите судбини се врзани, или разделени засекогаш?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кој вели дека таа двојба е наша судбина, кој воопшто се осмелува да каже дека своите интелектуални узори мораме да ги бараме меѓу претседателските камердинери и дворските лиферанти, меѓу тие сливари на човечкиот дух и морал?
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Сакаше да состави некаква каша. Кашата на нашата судбина.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
А во утрините ја сонував самата судбина. Нашата судбина.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Најпосле музиката се стишува, а од ѕидовите ечи силен глас: - Другари посетители, ги запознавте тајните на нашиот славен Атеистички музеј, единствен од таков вид во светот, историско сведоштво за победата на нашата славна партија над троглавиот Бог во нашата судбина...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И.И. авторитетно, со повишен глас продолжи: - Како што можевте да констатирате исламот беше длабоко вкоренет во нашата судбина.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Или избрав момент и јас да и се потсмеам на нашата судбина?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но, таа мрежа, ткаенина совршена е само слика на светот божји; та нели и Бог ја создал небесата налик на мрежа, и нели ѕвездите на небото мали јазли од таа мрежа се, мрежа во која сме уловени со нашите судбини неизбежни.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Така ни го исполнуваа денот, а ноќе сонувавме јуриши. Така се крпеше нашата судбина.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Така го одмотуваме клопчето на нашата судбина од младини до старини.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ми се чинеше во тој момент дека од тоа што тој ќе изусти зависеше, се решаваше нашата судбина, мојата, на Ели и неговата.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Зар не е јасно како бел ден оти претставници од нас нема да има, оти ќе ги решаваат нашите судбини без да нѐ прашаат нас што бараме ние, а затоа ќе ги прашаат нашите непријатели што имаат свои држави и свои дипломати и кои ќе ја извлечат сета полза од нашата пролеана крв?!
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
ЛУКОВ: Жалам, таква е нашата судбина. (По мала пауза.) Понатаму: одовдека се излегува само по мое одобрување.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Никогаш не ни ја откри причината за својата неочекувана одлука да ја смириме судбината и да се засолниме во една стара куќа градена во османски стил, крај реката Вардар, близу еден дрвен мост, недалеку од историскиот Камен мост, кој ги поврзува модерниот, западниот и источниот дел на градот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но да ја оставиме нашата судбина. Да апнеме од мезето...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Виљушките на обајцата завршија во чинијата со кавијар од модар патлиџан.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но Татко ја вгнезди нашата судбина во Скопје.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Нашата судбина се поистовети со нивната. Меѓу нас и нив сега нема разлика,” ми рече.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Ти така мислиш, а можеби и не е така, можеби нема да биде така,” ѝ реков.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Што не го направи тоа тогаш и таму, заедно ќе ја истрадавме нашата судбина!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Таа ќе го погледнеше сина си и ќе му речеше: – Сине, премил на Мајка, па зар границата не ни го подели нашето време, нашата среќа, нашата судбина?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Браќата го замислуваа како бестраш­ниот морепловец кој требаше да ја пренесе нашата судбина преку границата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Она што се случи во постмодернитетот е тоа дека слободата е прифатена како наша судбина.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ние знаеме дека сме „осудени на слобода” и дека тоа е ситуација на огромен ризик.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Зар ќе умеевме без таквите белези да ја следиме патеката што може некогаш повторно да нè доведе пред прагот на она што обично го нарекуваме роден дом, или наша судбина, бидејќи без тие белези и без таа патека просторт низ кој се движиме се престорува гол амбис!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се разбира, зборувајќи го ова, пред очи го имам нашето искуство, нашата судбина.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Таквите секојдневни потфати не може ни да се набројат а токму нивното успешно изведување е залогот на нашата среќа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А да не ги спомнуваме ситниците од кои е условен конечниот успех на некој заеднички или личен зафат сврзан со нашето унапредување а можеби дури и со нашата судбина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А можеби таа тажна песна е нашата судбина!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Минутите, часовите, деновите беа прекратки, затоа не верувам дека ова е нашата судбина, ова е привид на лоша приказна, а нашата приказна е премногу добра за лош крај.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Секогаш ќе најдеме начин како да стигнеме еден до друг, со нашата судбина и нашата борба против суровоста на времето.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Случајно некаде покрај патот на животот се изгубивме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не е лесно, нема да биде лесно, но одговорот на секое прашање ќе се покаже еден ден кога ќе бидеме подготвени за тоа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)