наш (прид.) - страна (имн.)

За напомена е тоа што Јакшиќ не беше член на синдикат и не знаеше за своите права (како и каде да ги побара) – но денес, по сите нешта кои му се случија, а му влеаја храброст и сила, тој искрено ја промовира индивидуалната и колективна борба како единствен начин на заштита и остварување на работничките права, како и човековите права воопшто.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
1.  Интервјуто го водеше Горан Секулоски, на 21.III.2011, во Скопје. Архивскиот број под кој е заведен предметот во Основниот суд – Скопје II е: VI П.бр. 1882/08; а бројот пред Апелациониот суд – Скопје не успеавме да го дознаеме и покрај неколкуте обиди од наша страна.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во случајот на Џоан, доволно беше минимално реконструирање од наша страна, бидејќи таа јасно ни ја изложи феноменологијата на својата психоза, со непосреден и едноставен јазик.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Многу од четниците и востаниците, што одеа и со едната група, и со другата, одвај го дочекаа ова соопштение.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сега ќе требе голема тишина од наша страна, да не не разберат оти сме на цуцката и да се соберат од сите страни, да го зголемат обрачот та да не можеме да го скинеме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од наша страна, од страна на Организацијата, слободни сте да си одите по вашите домови без да бидете во опасност од уќуматот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Според мене и мојот мариовски ум требе ние да слезиме малку под цуцката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но вие прифаќате полицаецот кого го фативме, врзавме, му ја затнавме устата и го заробивме, да премине на наша страна, да остане со нас, слободно да се шета и да ја дели нашата мака.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
- Се извинуваме, - рековме со Живко, турајќи точка од наша страна на распитот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Имало и такви случаи, вели Костадин, кога господ бил и на наша страна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но во нашиот одговор ние не мислиме дека сме „лупали по ветру“ туку дека сме ве „лупали“ вас и вашата влада, па затоа доста тактично ќе биде од наша страна ако и овој пат одговориме на вашите неколку редови.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Бекташите за време војна­та против фашизмот беа на наша страна, но по војната застранија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Би требало да внимаваат што прават, вистината е на наша страна.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Без сомнение, во однос кон светската заедница српскиот PEN Центар се наоѓа во состојба на радикална резигнација.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Околку нас децата скокаа, даваа совети и скоро сите беа на наша страна.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
За среќа, француските морнари што од претходната ноќ беа кај нас ги грабнаа шмрковите... и почнаа да го гаснат пожарот од нашата страна.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ѓорче - пишува Сарафов - во испраќањето на специјален човек од наша страна (на потпоручник Иван Камбуров, во Солун, да го изврши помирувањето - б.м.) проѕре дека се наштрбува самостојноста на ЦК, па изгледавме, по негово сфаќање, навистина нешто како “Врховен комитет“ ...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Како од наша страна ветуваме дека ќе сториме сѐ за нејзиното почитување и нема да дозволиме да биде било како кршена.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Од овие причини, откако според мислењето на владарите од наша крв со другите владари и почитувани од нашето кралство и другите важни и угледни лица од државниот совет што беа присутни, добро и совесно ја разгледавме и проучивме цела работа, со оваа изречена, прогласена и наредена конечна и неотповиклива одредба изјавуваме, прогласуваме и наредуваме:
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
I. Прво, споменот на сѐ што се случи на едната и на другата страна од почетокот на месец март 1585 до нашето доаѓање на престолот и за време на другите претходни нереди и за време на овие, да биде збришан и згаснат, како нешто што не се случило.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кај крвните врски, кои ни се наметнати по силата на нештата (или по божја волја), немаме многу избор – се раѓаме заради свесната одлука или не толку свесните постапки на нашите родители, без никакво учество од наша страна, и на овој свет носиме единствена, неповторлива комбинација на нивните гени.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Заборавија и Бугарите дека остана на наша страна.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Бовчите од нашата страна се готови онака како што се договоривме.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Само наивните, односно лошо информираните дипломати или непоправливите идеалисти остануваа оптимисти во одбраната на земјата која ја претставуваа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Амбасадорите на поголемите земји како на САД, Франција, Германија... неврзаните Индија, Египет, неумоливо беа на наша страна, повеќе се интересираа за внатрешната ситуација во Југославија отколку за нашата улога во движењето на неврзаните, самоуправното искуство...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Зарем никој не е на наша страна Филип?
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
- Да, ниту можеме да си дозволиме таков луксуз, трпението на Стојановци е при крај, но зошто, зошто никој не застана на нашата страна?
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Ние го согоруваме сето зло и сите илузии во него; ние го доведуваме на нашата страна, не само навидум туку вистински, со срце и со душа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И идеше кутрата, како последна старица, само таа останата од таа генерација, на нашата страна од границата, на умирачки.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
По војната од својата родна куќа ја откорнале, па кираџика во родната куќа ја приморале да биде.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Сосема е очигледно дека во нивните "цртања" на повоената карта немало место за Македонија како самостојна, независна и обединета македонска држава, пред сè имајќи предвид дека набележаните цели во меморандумот на Идн, со мали измени, биле имплементирани на Јалтската конференција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Притоа се истакнало: "...по сè изгледа, тоа претставува единствениот можен и конструктивен метод со кој можеме да се надеваме да му се спротивставиме на ширењето на руското влијание на Балканот, ако навистина сметаме дека е неопходно потребно од наша страна да се преземат специјални мерки за да се направи тоа".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Затоа што таму месното население е на наша страна.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Како рима, нашите страни блескаат со челичната острица. †2 Неработното време е празна цевка.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)