наш (прид.) - страдање (имн.)

Имаше душа за сите наши страдања. А душата постојано ѝ се делеше при сите делби и заминувања..
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Земјо, мислеле, разбуди се од допирот на нашето страдање, смекни, стопли се и дај ни топлина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Душата е жолта и црвена, мислеле загледани во играта на пламенот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И никој не знае дека овој нов живот и овие нови поколенија одат и се враќаат по патот на кој легна нашата лоша судбина, нашиот чемер и болка, нашиот плач и солзи, нашето страдање и патила, нашиот крик на ужас и нашата безнадеж.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тоа беше наше време, наша мака, наше страдање, наше верување, наш пораз...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Умира и се менува со нов, ни тој не може да му одолее на летниот валцер... ен два три...ја загнездил мама во себе и танцуваат, танцуваат...ен два три...ен два три...како е можно да не те повлече таа неумолива, таа безгрижна вртелешка...ен два три... нашето страдање е и радост и ново раѓање...ен два три...смеата нека е смела и брза – повеќе да дава помалку да чува...ен два три... зборовите сакати се, мислите немоќни се губат – кога сме плен на тонот снен...ен два три...ен два три...моите бледолики родители меѓу исончаните мускули на танцувачите меѓу црвените жици на решетките...ен два три...ен два три...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Блиски му беа овие зборови на Татко: „Нашето страдање мој мил пријателе е како слепилото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)