Беше вака: Пред нашиот стан, во којшто се влегува низ двојна врата, се поздравуваме со соседите додека Борко ја отклучува првата врата, па го врти врзопчето и со другиот клуч ја отвара и втората.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Па одеднаш, сето тоа ќе престане и секој ќе се врати во оној живот порано, ќе се вратиме во нашиот стан, тука ќе е мама и сите познати работи околу нас.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Трчаше и чекаше по шалтерите да извадиш уредна документација за нашиот стан, викендичката и за некоја земја и ниви што ги имаше наследено од твојот татко, односно од дедо ти, заедно со други членови од семејството.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Но, те гледав колку тешко одиш и немаше сила ниту да ги искачиш скалилата до нашиот стан, којшто е на третиот кат.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Одевме во ист правец, но тие одеа брзо, и јас се поттргнав, се залепив до ѕидот на една куќа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ве молиме да припазите и на нашиот стан. В пролет пак се враќаме. Ви пожелуваме среќно презимување“.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Тргнав кон плоштадот, и во една од уличките ме пресретна толпа луѓе – такви толпи често ѕиркав низ прозорецот на нашиот стан во Виена во годините кои следеа, но оваа толпа не беше составена од униформирани луѓе, туку од маскирани: беше време на венецискиот карневал, и секакви суштества протрчуваа сега крај мене – принцези и питачи, владетели и робови, луѓе-риби и луѓе-птици.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)