наш (прид.) - средба (имн.)

Не ми недостасуваат само мене!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Секоја наша средба и разделба беше подеднакво и весела и тажна. Солзи. Смеа. Спомени. Надеж. Ветувања.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ако не беше малата верверица штотуку излезена од распукнатиот плод или од сребрената корупка на муграта; Ако не беше нејзиниот лесен од по одвај разголената земја и мигот на сепнатост при нашата средба додека ме откриваше како страотно чудовиште качено на високи нозе наеднаш и самото изненадено од нејзиниот страв;
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Сепак, врати ѝ се на суштината сакам да си речам!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зборови, зборови… а не е за на отпад и она упатство или шега дека зрелоста се мери само според количините наивности во нашите размислувања!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нели токму наивноста и брзоплетоста, иследникот ги беше спомнал како можна олеснителна околност уште при првата наша средба, а јас наивно ги бев протолкувал само како понуда обвинувањата да се сведат на размена на пријателски размислувања и на еден вид другарска помош.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со оваа љубопитност наидуваат и неговите зборови од последната наша средба од пред две недели.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Уште при првата наша средба во катедралата прозбореа нашите очи со невиден сјај, нашите погледи се сретнаа на половина пат и од нив летаа искри што пламнаа во силен оган на љубовта.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Не знаев што се случува со тебе. Поминаа две години од нашата средба и разделба.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Следната наша средба беше во Париз.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
„Да влеземе во базиликата Сан Марко,“ предложи брат ми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога стигнавме таму, прво што видов беше саат-кулата: имавме уште еден час до нашата средба со Ана.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Цртав и дома, скришум, а понекогаш, додека мајка ми беше во продавницата да му помага на татко, си ги редев цртежите по кујната.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А сигурно тоа женско суштество беше создадено од трагите на оние наши средби во детството.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Двете продолживме да цртаме заедно, при секоја наша средба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Го премолчував тоа од тебе, затоа што знаев дека прво морам да ја завршам потрагата по одговорот за моето раѓање.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но затоа постојат отисоците, затоа е критериумот. И нашите средби во паркот“. Потоа, тој замолча.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Најпосле зедов слобода и му реков: - Долги години, по нашата средба во 1978 година во Струга, на еден посебен начин се приврзав за палестинската поезија, за вашата посебно.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Секогаш ме внесуваа во една од неговите простории, каде што го очекував.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Така беше при повеќето наши средби во Тунис.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се сеќавав на зборовите на Махмуд Дарвиш изречени на истото место крај Охридското Езеро, во август 1978 година, на Струшките вечери на поезијата, кога заедно со други врвни палестински поети, беше дојден по наредба на самиот Јасер Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
При нашата средба подоцна Лена ми го спомна тоа.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Зарем нашава средба не е убава, со сета своја непредвидливост?
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Мислам на шупелката што имав среќа да ја запознаам уште при првата наша средба.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Препуштајќи му го на случајот изборот на фотографираните субјекти, извлекувајќи ги од анонимност случајните минувачи и поставувајќи ги во центарот на вниманието резервиран само за славните, делото на Димитријевиќ претставува критика како на системот на вредности со неговите очигледно произволни хиерархии, така и на идеологиите кои лежат во основата на рекламниот дискурс и политичкиот култ на личноста: „Се обидов да најдам одреден вид на активност што ќе ми овозможи да ги надминам рамките на формалната еволуција и да се обидам фундаментално да го променам нашиот пасивен однос кон опкружувањето.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Со оглед дека опкружувањето игра активна улога во обликувањето на умот, се обидов да ги променамнашите вообичаени односи и реакции во нашата средба со секојдневна реалност.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Да не беше тоа прва наша средба и да го имав запознато Игбал така како што сега го познавам, сигурно ќе го замолев да ми објасни подетално што се тоа западњаци и источни цивилизации, ама таа ноќ, тогаш, не сакав да помисли дека сум незнајко, па решив утредента да го прашам брат ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)