наш (прид.) - спомен (имн.)

Негово е она согледување дека едноличноста на грдото ги зазема најубавите места во нашите спомени иако не сум спремен да ги прифатам начините што тој ги предлага за да се надвладеат ваквите состојби.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
1. На мојата работна маса цел куп книги и фасцикли со исечоци од списанија и весници, извадоци од архивски документи и од објавени мемоари на политички и воени челници од двете завојувани страни во граѓанската војна во Грција, селектирани белешки од фалбаџиски топорења, измислувања, лаги и кодошења и во одделни коверти белешки од обични, простосрдечни раскажувања на живи учесници и сведоци во кои се сочувани најавтентични доживувања од времето кое како лишај и лош сон е залепено и врежано во нивните и наши спомени.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Но со оглед на тоа дека вие знаевте оти животот не го раководи некоја си судбинска предодреденост, а можевте и да си претпоставите дека на таа предодреденост најмалку влијаат нашите спомени, од каде кај вас тоа решение да постапите според сугестиите на сеќавањето и притоа свесно да ја прескокнете државната волја, изразувајќи отворено сомневање кон постапките на овластените државни органи?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Таа е затурена одамна, или е замината, како и мртвиот пријател, во окото на птицата што упорно колве по нашите спомени. Или надежта проврнала како студениот дожд.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)