Маргина е ко алхемичарска рецептура, сѐ некои таинствености...) со овој расказ дебитира не само во Маргина туку воопшто, и благодарни сме ѝ што за тоа го избра токму нашето списание.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
„Уметникот” овојпат претставен само со четири компјутерски колажи (за следните Маргини ќе подготвиме негово пообемно претставување) е Синиша Цветковски, меѓу другото познат и како член на Т.Б. Трачери и како автор на два одлични стрипа („Капиталижам” и „Рај”) објавени во нашето списание „Лифт”.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Тоа е една од причините зошто Благоевиќ е во нашето списание.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Отприлика, „централниот“ збор на текстот, кантовско- деридијанскиот „парергон“, ние го прочитавме како „маргина“; освен тоа, и самото наше списание би сакале да може да се нарече „мултимедијално“, па макар и во една метафорична смисла (кога веќе немаме предуслови да го направиме буквално интерактивно).
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Минатата година во библиотеката на Quorum му беше објавена првата книга „Glasovne promjene”, од којашто ние преведовме неколку песни што ги сметавме значајни (во, да речеме, „(авто)поетичка” смисла, како, на пример, песните Повик, Carmina, Paperwork; или во некаква „политичка” смисла, како на пример песните На ова место и Далечина) за нашево списание и нашиот контекст.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)