наш (прид.) - сој (имн.)

- Добар ден! - извикаа сите три срдечно, а потоа едната продолжи, - Вие сте сигурно внукот-економист на Олга?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Потоа настапи мала непријатна тишина во која решив да се проѕевнам за да покажам дека ми дошло време за попладневната дремка.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
„Добре дојдовте во Виена“, пишуваше со жолти букви на зелените теписчиња на влезот од аеродромската згради.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Да, да, - ја прекинуваше мајка ми со ист интензитет на гласот, - многу е умен, и убав е да го видиш, висок, згоден, личи на нашиот сој!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога си заминувавме тетка ми Марија убаво ме изгушка, а пролеа и неколку солзи поради тоа што толку ретко го гледала нашиот сој.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Секое прво машко во нашиот сој се крсти Крсто.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
За дамите од Институтот, Полјаците се учтиви, културни, иако се од наш сој, словенски.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)