наш (прид.) - соработник (имн.)

Нормално дека нашиот соработник Бузони се обиде да го нас'ска и испровоцира питомиот човек Беди, но сѐ што, во таа смисла (на подигање адреналин), добивме од Беди е благата критика на една во македонските уметничките кругови влијателна госпоѓа, на што, пак, нашиот соработник се насочи ко скопска џукела на контејнер, па оттаму и двојното (со ова тројно!, пих!!!) споменување на глупавата Антологија.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Кога ме запозна со Илона, денот кога Чехињата ни го донесе првиот список (потоа следеа многу такви) со имиња и презимиња крај кои беа наведени и други податоци за жените што требаше да ги испраќаме со комбе во Бар, за потоа да бидат префрлени со брод до Италија, кај нашиот соработник Бенедито Лучијани во Бари, ми рече: „Ние сме заробени од слободата што ја приграбивме.“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)