Дури и нашата смрт, на лага, ни ја изнудија.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Одзади - театарската старудија од целиот наш живот, замрзнати маски од второстепена комедија, а однапред - темна длабочина и очи, очи, очи, што гледаат во нас, што ја чекаат нашата смрт.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Сега кога ова ви го соопштувам, мртвиот тој и мртвиот јас во еден мртов агол па небото, молкум спориме дали зборовите или самољубието беа причина за нашата смрт која нѐ засолни во овој мртов агол.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Тоа беше прв случај толку одблиску, толку вистински да ја видиме нашата смрт.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
- Тука Нумо прекинува, се искашлува, гледа некаде од високо, мижурка, погледот му се губи некаде пред него, небаре сака да се потсети каде ли уште води трагата и, по подолго молчење, продолжува: - Стопанкината, трагата, наша де, секогаш, барем нас, не водеше кон нашата смрт, или нашето осакатување...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)