наш (прид.) - слобода (имн.)

Таа си достоја на клетвата дека без него нема да живее.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Колку да беше суров Толе и колку самоволии да направи, народот пак запеа: Жалајте го, браќа Толета војвода Којшто Толе падна За нашата слобода...
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но освен Турците, по загубувањето на нашата слобода, наши „воспитачи” и господари станаа Грците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Наша слобода - наша желба и нивен пораз и понижување; нивна слобода - наше уништување; наша слобода - нивно уништување...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ја загубивме нашата слобода кога станавме свесни за сопствената смртност, невиноста се загуши во пропаста и ништовноста на веќе и така неподносливиот живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Оној ден што почнува со: „Каков срам и врз нив и врз мене, и врз нашата слобода, независна, неврзна држава...“ би можел да биде цитиран во целост, до крајот на пасусот, само да не е толку долг, а забелешката која следи: „се наведнаа, зедоа по една кисела слива, си ги закиселија непцата и скиселени исчезнаа“ се ретки примери на блескава иронија.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Јас пак, како ретко кога, ги чувствував полните гради, како да сум го нашол, како што бев прочитал кај Хадријан, резето кое нашата волја ја поврзува со нашата слобода.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Русија ќе ја побара нашата слобода не за нашите црни очи, а да се направи пат по кој полесно да стаса до Цариград...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Просторот осветлуван од ламбата, кругот на неговите ноќни читања беше просторот на татковата постојано освојувана слобода, хоризонтот на нашата слобода крај една жолта светла ламба во темнината на неизвесната балканска ноќ пред светлината на денот!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ти почина, друже Трајче, за нашата слобода.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
И и ставија крај на нашата слобода.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Со години сум го разурнувала она што мој Благоја го градел”.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но тој најголем пријател на Благоја сепак ја спроведе заканата: Ќе добиеш виза, но нема да ја добиеш за да се сретнеш со Благоја , ми рече, туку ќе ја добиеш бидејќи стануваш опасна за нашата слобода!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ташкент, за многу беше дел од нашата младост што ја оставивме во заводите на далечниот Узбекистан, дел од нашата слобода.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ја преточуваат во легенда вистината за безбројните херојства, за животите положени во темелите на нашата слобода, на нашиот мир, на сите наши убавини и радости.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Не хулете го Бога! тој е најмалку виновен за чудните патишта што ги избира нашата слобода.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)