наш (прид.) - сиромаштија (имн.)

По толку години, брат ми ќе биде тука, во куќата во која сме растеле, и ќе можеме да се потсетиме на сите оние минати години, на луѓето и настаните, на нашата сиромаштија, на оскудицата која, во заедничкиот живот и топлата упатеност, се претвораше во доволност и радост.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Бунарите се радоста на нашата сиромаштија и вредеше да си го подметнеме грбот“. Токму со тие зборови се изрази дедо ти.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мајка стоеше на прагот, како врата на нашата надеж, како колепка на нашите животи, како тврдина на нашата куќа, како гнездо на нашите надежи, заштитникот на нашиот дом, лебот на нашата сиромаштија, лекот на нашите болки, недогорената свеќа на нашата куќа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тоа беше соседот на кој Мајка никогаш не забораваше да му скрши парче погача од трпезата на нашата сиромаштија, за неговите деца.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Долго време во живот не можев да се ослободам од вкусот на Мајкиното тесто со кое ја мамеше нашата сиромаштија и ни го чинеше животот поубав.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ние секогаш го имавме впечатокот дека јадеме нешто друго, а тоа секогаш беше истото шарено тесто на нашата сиромаштија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)