наш (прид.) - синор (имн.)

- А знам, вели Мисајле Ковачот, нему ливадата му падна во нашиот синор, кога клававме межници.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А ти, ако стане за потреба, ќе му дадеш и ветување дека лично ти ќе пазиш да не му се случи ништо лошо на наш синор.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од твоја уста во господој уши, Никола, велат главите на сојовите, а Цветан Велјаноски додава: Само да не се случи одмаздата да се изврши на наш синор, туку на ничиј.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа едно, а друго сите кои чуле оти Лазор му се фалел на Хаџи Ташку дека и нему ќе му биде испеана песната, како што тој му ја испеа на стрика Анѓела, а и некои кои нѐ пизмат нас, можат да го отепаат на наш синор, или таков, отепан, да го фрлат кај нас.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)