наш (прид.) - син (имн.)

- Повели сине! Имаме гости. На зборот сине, на Рада ѝ доаѓаше да викне. „Да! Тоа е и нашиот син!“, но се воздржа, се плашеше, затоа толку внимателно одеше стапка по стапка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ти кажувам еднаш не треба не знам колку пати да ти се повторува овие три топлинки покрај тебе се како пламенче од кандилче најмал повеј на ветре или студена рака што врз нив ќе се подаде може да ги угасне ама ти пули и прави грижи се варди ги заштитувај ги со што ќе стигниш закрилувај ги со сопствената топлина со својата љубов оти нели се тие деца на нашиот син па затоа два пати думај пред да ставиш залак в уста дали не треба во нивните да се подаде за да се прескокне зимата за да се прескокнат годините за да останеме јас и ти во нив!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Кога Гаврил беше трета година средно тие повеќе пати го земаа на гости кај нив во Вермонт, тоа многу ни значеше и нам како родители, бидејќи има некој во туѓина којшто се грижи за нашиот син.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Марија, ѝ реков. Децата се садисти. Нашиот син ужива во туѓа болка.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)