Затоа, нашите храмови не се како свадбени постели, затоа нашите сеќавања не се сеќавања на сѐ и сешто, туку на она кое не може да го прескокне ниту една историја: Не случајно се повикуваме на Орфеј, неслучајно се повикуваме на Троја и на нејзините јунаци од пајонската, македонска земја, неслучајно се повикуваме на Александар Македонски и на сето она кое произлегува од основниот морал на вистината.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Загледани, маѓепсани во светлината на неговото догорување, во тоа огромно смирено животно на животот, ја внесуваме неговата топлина преку кожата, со погледите од најдлабоките корени на нашите сеќавања и повиците за помнење на оние раскажувачи на ноќта, седнати околу огнот со засукани ракави.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Онаа што сакам да го сугерирам е: за смислено да интерпретираме дадена ситуација ние повикуваме стотици шеми од нашето „множество на шеми” и дека искуството собрано преку целиот наш живот, вештините и општото знаење, нашите сеќавања за различни случки, може да е кодирано во таква лична „енциклопедија” од илјадници шеми, збогатена и од вербалниот домен за да инкорпорира и репрезантации на акции и перцепции, мотиви и емоции, лични и социјални интеракции и на крај, на јас-ството.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Ова е наша заедничка борба, вели Горачинов, и омразата да ја исфрлиме од нашето сеќавање.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Всушност токму со неа се обиде да го заврши тоа наше сеќавање од минатото.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Татко ми како да го насетуваше прашањето што сакаше да му го постави Чанга: – Длабоко, дури во дното на нашето сеќавање, постојат заборавени, изгубени празници кои го содржат и нашето создавање, обликувањето на нашата заедничка среќа.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ниту исчезнуваа во нашето сеќавање променливите распореди на некогашните негови читања.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Мајка ја зеде канистрата, од неа се ослободуваше позната миризма, здивот на нашето Езеро, единствената татковина што опстануваше во нашето сеќавање.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Многупати во животот, при патувањата со вистински големи и брзи возови, кои го надминуваа и покриваа нашето вовче, тоа ни се враќаше и остануваше засекогаш во движењето низ тунелите на нашето сеќавање.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Но зборот Ла Ринашенте остана во семејниот речник, остана долго да одѕвонува во нашето сеќавање, со старото неизменето значење што го имаше за Мајка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)