Ја сонувам секоја вечер нашата сенка на месечината и бакнежот, но сонот ми останува само во главата...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Нашето минато, нашата сенка без која не би биле сега овде збрани во слава на Светиот оган сред длабоката темнина на шумата подготвени да го каснеме посниот залак испржена риба пред да се појави другиот оган - небесниот диск, врз почетокот на нашата преобразба.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
И уште нешто: во сивото здание ниту еднаш не помислив дека треба да се скријат чувствата, или дека треба да ги избегнуваме насмевките и солзите.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Беше наша сенка на патувањето. Моја посебно.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
На пример оној ден кога, додека се качував по затворските скали наеднаш станав свесен дека токму во тој простор нашата сенка е секогаш со нас, не нè напушта туку се чипчи до нас, нè следи, како да се плаши да не нè загуби!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)