Зад мене беше Камбо од нашето село (синот на Циганката што ја сакав) и не знаев колку време сум спиела така стоејќи, кога Камбо ми рече дека колоната стои.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Го туркаа пред себе, викаа по него, а тој само за миг се сврте и ме погледна.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Тој беше од нашето село.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
- Тогаш да си ги соберете пандурите и да ве нема од нашето село...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
— Ќе нарачаш еден конак за дваесеттина души кај сватот Колета Коштрета.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Лели тој 'рслан допрел до нашето село, белки ќе има некој спасибог.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ванчо Николески е поет кој е роден на село, живее на село, работи како учител во многу наши села и како син на нашето село, тој во своите творби најмногу го одразува нашето село, пишувајќи за него топло и непосредно.
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Се искашла. И го почна раскажувањето: - Во нашето село имавме две даскалици. Марија и Софија.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Пламенот се вивна и ја осветли целата куќа.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Досега само еднаш сум патувал со него, и тоа пред неколку години, кога учителот нѐ поведе да нѐ запознае со градот и да го видиме сѐ она што го нема во нашето село.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
И го извадил тефтерот, го нашол во него нашето село и бидејќи во тоа време кај нас уште бил грчкиот поп, му рекол: „Ти си Грк и само тоа да си знаеш.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Кога стигнав на станицата во Кичево се сретнавме со Мане, а јас се правев како ништо да не знам.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
А еден ден дојдоа и Маџирите да пљачкосуваат.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Откако тој испеа нешто од книгата, Чорола Гагов, кој беше познат поснопоец во нашето село, не можејќи да издржи, извика: „Е, алал да ти е попе.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
- Ставре што загина во бојот со Италијанците? - праша една од жените. - Тој, ами кој друг...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Паметам, беше четврток спроти петок кога од Небије дојде аберот оти утредента, во петокот, бегот ќе го носи валијата на лов во планината над нашето село.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Ами сега? На моторот се двајца италијански војници и една девојка од нашите села.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И нас во нашето село најмногу не удираа со кундак - се слушнаа гласови.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тој Јован Ѓуров, или како го викаа в село — Ѓуровчето, беше син на дедот Ѓура Јовановски од нашето село Витолишча, кој, за да го исхрани Јована и трите му сестри, помали од него, одеше секоја пролет во Ќесендра или Метуите на жетва, а откако ќе се вратеше оттаму продолжуваше со аргатлакот во Прилепско или Битолско Поле. Со парите што ќе ги донесе од жетва ќе купеше толку леб, колку еднаш во денот да јадат децата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Бидејќи патам од реума, сум се лечел во многу бањи со иста ваква вода што ја има нашево село.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Некаде околу 1898 година Илко Сукалов од ова наше село остана вдовец.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Бев среќна кога го најдов, тој беше интендант, собирал леб во селото.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
- Тоа не е од нашево село, велам, тоа мора да е некој будала.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А потоа почнуваше да ни раскажува за старите времиња поминати во нашето село и во Костурско.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Дури и да сакал коларот да ја носи до нашето село, не ќе можел.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Овие моите во штабот рекле дека имаат такво девојче и ме повикаа мене.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
- Орал маж ѝ, доорал, побарал друга нива, воздивнал Гавруш Пребонд.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Имаше многу деца од многу села, но јас знам дека нас од нашето село нѐ качија во еден товарен воз и нѐ однесоа до унгарската граница...
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Баба кажуваше дека некои момчиња од нашето село се искачиле до таа ливада.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Несосечените ги ослепеле... од нашето село никој не се врати - Оф, леле Трајанеее...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Нашето село таму долу мислам не бил отсекогаш на ова место на кое што сега се наоѓа? го предизвикувам.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
„Гробовите се нашето вечно живеалиште“, велеше попот: „тоа е нашето село најголемо; колку пет села во него има; сите оние што од памтивека живееле во селово - тука лежат; и ние тука ќе лежиме; гробовите, браќа мои, се вистински споменици, историја: кажуваат кој бил, кој се родил и кој живеел и умрел; која и каква фамилија била и како живеела: богато или сиромашки; која двоела од устата да направи надгробна плоча, да остави белег, знак, зад себе; тие што не мислеле на тоа, оставиле само керамитка, искршено фенерче или стар цреп да ја заштити свеќата од ветер; некои гробови воопшто не се знаат каде се, кај лежат низ трњето, кај треба да се однесе задушница и каде да им се отпее молитва; на некои гробови им се распаднал крстот, им се избришало името; мртвите, драги мои, ако не се бараат и ако не се спомнуваат - се забораваат“.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
- А пред тоа? - Пред тоа си бевме дома, во нашето село.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Потоа тој зборуваше: Другари, другари, верувајте јас ќе загинам. Не може тоа да ми излезе од глава.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
- Еве, токму тука, - и велам на сопругата - под сенката на оваа црница се собиравме секој ден претпладне ние децата од нашето село... – Тука – велам – се собиравме и чекавме... чекавме да дојдат камиони и да не вратат дома.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Вангел, момче од нашето село, и тој загина со првите деца, стана и тргна кон џадето.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Две години затвор во Кожани. Кога си дојде дома, ми рече: - Јас, Ристанке, ќе си одам во Америка.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Од селата Марена и Глишиќ сите родители доаѓаа, а од нашето село никогаш не доаѓаше никој.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Двајцата од мртвата стража, мислам дека беа Божин и Мишо, и двајцата беа од нашето село.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Сега, со отварањето на училиштето во нашето село, клепалото освен за Света Петка, ќе клепа и кога ќе треба да нѐ собере нас, децата, за на сколија, како што во прво време го викавме училиштето.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Од тој ден нашето село веќе имаше и крст, и знаме, и камбана.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Во нашето село се најде Пандо Дуковски како најпаметен да ги организира младите деца да излезат во партизани.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
На старецот веќе му беше јасна намерата на агите и почна да ги стега рамениците. – Јас не знам никакво Бренско Чешмиче, ефенди, во нашево село.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Градена е 1875 година и за неа дедо раскажуваше: - Тогаш, во турско, кога нашето село беше чифлик, почнаа да ни доаѓаат де попови од Бугарија, де попови од Грција.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Учителот, висок, со очила, Коста го викаа, на стара машина за пишување по цели ноќи препишуваше од една стара книга македонски народни песни и на четири деца ни даваше по едно ливче.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
— А ти пак исчепка една од наше село, — вели Карабуклијата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Нашите прво се двоумеле дали само да се имаат на умот или да им одат на андарите ем да ги опоменат да не го прават тоа што го намислиле ем да си наплатат еден стар долг од времето пред да дојде дедо Геро, што нашето село никако не можеше да го заборави.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Војната, окупацијата, крвниците, исчекувањето на Пролетта - Револуцијата, борбата, колективизацијата, бесмислените селски конференции, напорите на селскиот секретар Тацко Настејчин - цел еден спектар од историско социолошки премиси што го одредуваат животот и промените на нашето село во последниве дваесетина години е вткаен во лирско проѕирното ткиво на Чинговите прозни кажувања.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Еве, да ти кажам оти на нашево село му падна таа голема чест да ги прими и угости најголемите и први дејци на нашата Организација.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И паметам кога некое време пред крајот на својот говор рече: „Ова место е господов дом за луѓето што живеат овде во ова ваше и наше село.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Дедо ми долу, во нашето село душа испуштил во поморијата - баба ми, мачна душа, куртулила - се искачила да ни каже за сè што сториле туѓите војски... и татко ми бил сосечен таму на Б е л а с и ц а.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Му реков: - Тука нема никој од нашето село... - и почнав да липам.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Ќе дојде нашиот нов учител, учителот од Штип и уште неколку души, селани од нашето село.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Имаше една Циганка во нашето село, ја викавме Ема и таа често доаѓаше кај нас и понекогаш ѝ помагаше на баба ми.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Се расприкажувме многу, но повеќе зборувавме за нашето село, за детството, за минатото.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
- Не си го знаел патот наудолу - накај нашето село...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Погледнете го сега. Нашето село го престориле празен пејзаж.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Така ние со крстот, со знамето и со камбаната во нашето село го донесовме и компирот и ние тројцата браќа видовме што се пржени компирчиња.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Влече полека и длабоко како да сака во себе да ја замолкне вистината.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Потребата на Брановци од помош се поклопи со намерата на нашето село да им се одмазди на анфарите.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Некои наши села со години не слават раѓање, нема свдаби - осамнало тивкото умирање на иселеничките родители ...
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
- Доста, Маре. Кире да каже... - и така кажувавме како се викаат местата каде се наоѓаа нивите, лозјата, кои од нашето село се во ДАГ, како се викаат старите луѓе, какви дрвја и цвеќиња растат во нашето место...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- - Утринава слезе до домата, до нашето село на брегот на Езерото - докажа и сета уплакана се потргна до над коритцето-бигорно, стуткана накај карпата.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Луѓето во селото велеа дека Лазо потпишал, ама никој не беше токму со зборот.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Власите и нашиот народ се разликуваат по јазикот, носијата, карактерот, така што никојпат Власите не можат да претендираат на наши села; исто така никојпат ние не сме кажувале оти влашките села се наши.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Нашето село немаше доволно паша за повеќе стока, затоа ги тераа овците во друго место како што се Кожуф, Момина Чука, Црвени Брегови и други места.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
- Во нашине села нема ваква жена, со дланка го милувал полниот сад Куно Бунгур; пред да отиде - Фиданка Кукникова му се насмевнала.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ќе и ваќаме тие наши села за да им помогнеме нешчо и ним.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И не помина многу време нас мажите од нашето село не собраа во дворот на црквата.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тој сврте и тргна, а јас по него. На полјанката, потаму од селските гробишта, војниците копаа.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Село — како секое наше село. Но не тукутака го нарековме центар на Мариово.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Еднаш дојдов, Јано мори, в наше село, В наше село, де мори, Јано, де!
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Дождот, измешан со лапавица, се подзасили.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Не, по таму, во едно наше село, таа се пее.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Го пулиш и тој процепот, така како да е планината скршена? - Го пула, па што? - И тој се гледа од нашето село.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Така и во нашето село во 1942 година се работеше за движењето.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
А Митровскиот на Петковден седум деца од нашето село останаа на Аљавица, на Орле и на Полената по еден, на Бигла и на Бел Камек по двајца.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Во нашето село имаше неколку ливади и мали рекички со многу бистра и здрава вода.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
- У нас, во нашето село кога го донесоа новиот поп, селаните рекоа - не го сакаме. Тоа беше есента. Триесет и шестата.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Нашето село беше планинско со малку обработлива земја. Повеќе се живееше од сточарство.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Не шетаа од еден дом во друг такашто, по таа “proшетка”, децата од нашето село и од Букови и не знам колку грчиња, не однесоа во Балатон Алмада.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Се гледаат и од нашето село и си рековме ако појдеме по трапот ќе излеземе таму, а од таму - лесно до Герман.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Во нашето село нема предавници!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Ние на тоа, од смеење зашто баба ми често се жалеше поради тоа што во нашето село, немало ни „кртули’’ а дедо ми уште почесто поради тоа се мајтапеше со неа.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
- Како се викаат чешмите во нашето село, да каже Маре. - Нова чешма, Лаброва чешма... Изворчето, Кочанка, Под липките.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Другиот ден откако почнавме со оваа работа, доцна вечерта, бидејќи чул што се прави во нашето село, дојде кај мене дома Мејо тапанџијата, го знаете.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Тука продолживме да учиме само македонски.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Не бре, за тоа, вели туку дека ми зборуваш ко нашинец. Како човек од нашине села, вели. 103
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Ја, пула, па што? - Од нашето село се гледа..
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Пламенот ти зафати и полека изгоре името на Ставре.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Застуденуваше. Сепак еден од помладите, Куно Бунгар, отиде по дрвја.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Секој ден местата околу селото требаше да бидат покриени, така што „пиле да не може да прелета’’ невиден при влегувањето во нашето село.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Со дланка се одбранив од капките светлост што ме удираа по очи. Со грб се залепив до ѕидот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Дедо Геро преку своите луѓе во Костурско дознал дека андарите се готват да дојдат во нашето село да го погубат попот и на селото да му се одмаздат зашто не сака грчки поп.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Среде седи другарот Планински,. тој им вели, вели ем говори: „Са ќ’ одиме у нашето село, наше село, село Ораовдол, да си видам мојот стари татко, стари татко, мојта стара мајка, мила сестра, мојте мили браќа.
„Од борбата“
од Блаже Конески
(1950)
Дедо ми цело време се смешкаше, а мене овој поп Доне ми беше поинтересен од Ѓуптинот Смајо кога на Ѓурѓовден доаѓаше да ја игра мечката по куќите во нашето село.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Тоа беше прв обид да се соберат во една печатена збирка оние песни сo кои што умираа нашите борци, песни во кои што се викаше нашето село, нашиот град на решителна „борба за народна Слобода“: „Ајдете браќа, сите содружно, да ги скршиме ропските синџири.
„Од борбата“
од Блаже Конески
(1950)
А потоа, велеше: - Коле, кои луѓе од нашето село живеат во долното мало?
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Седна на каменот и, бришејќи си го челото, промрморе: „Уште еден од нашето село... дваесет и шестиот.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Од нашето село никој не се вратил...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Другиот прифатува: - И кажи му на кметот од нашето село да не се грижи за нас оти знаеме ни пцуел мајка партизанска и потскажувал па Тодора и Јована ги тепале ги ставиле во окови а со нив и мојот старец прашај ги твоите војничиња мајмунчиња како ги дочекавме на Момино Брдо и како бегаа од нас...
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Биле во окопот каде што било сместено тешкото оружје на Германците и неколку сандаци со муниција, заедно со Киро од нашето село (без него не одевме ударници и за него е отпеана песна на 11–тата бригада).
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Ова наше село, Сопот, некогаш било турско село. Турските жени умирале без лекарска интервенција.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Ете, нашево село го избрале да се соберат и да се разговорат, — му одговори Чуран и се запати од куќа до куќа да провери како стојат работите со ручекот и вечерата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Поминаа пет месеци. Од школо ми се врати син ми плаченичкум. Рацете посинати и натечени.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Ама таа се грижеше за сите шеесет деца од нашето село.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Со почетокот на школската година се паѓа и доаѓањето на првиот селанец од нашето село, на Петко.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Попот од нашето село има нос како патка, долг и жолт.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Тука се сите, — и му ги наброја сите војводи и раководители што беа собрани во колибата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Отидовме во касарната, се видов со сите од нашето село, со Цвета се избацивме, па таа дури ми даде и комплимент дека добро изгледам.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Јас, тоа последно лето што го поминав во нашето село, бев на возраст од единаесет години, мојата сестра Ева тогаш имаше тринаесет години и нашиот брат Тома на возраст од петнаесет години.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Како настанало ова село? Како и сите други наши села.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Само што стигнале долу, Никола здогледал шаторско крило и како што подоцна рапортираше чичко ми Борис, ја исправил главата горе за да го смота, тогаш го погодил куршум в глава.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Ќе се најдат луѓе од наше село, и од други села може.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Најчесто тоа беа каубојски филмови, а пејсажите од тие филмови многу ми асоциараа на оние од околината на нашето село.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
СОНОТ ЗА СМРТТА НА МИЛАН Имавме еден млад партизан од нашето село, голем борец, личеше на девојка.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Како партизанскиот хор што пееше во нашето село.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Дедо Геро со четата негова и со не знам колку души од нашето село отиде во брановско.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Нашето село е сенасе осум куќи. Нашата е виранија таква, со сламарниица е покривот, ѕидовите се со плетвар и кал.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тоа што сама го знаеше и што ѝ имале раскажано други, постари од неа. Тешко се разделувавме од неа.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Само тој Русинецот, од едно наше село, ме разбираш, беше посилен. Планина човек!
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Кај сила – нема правина! – Да се лажеме срамота е бегу – проговорија во еден глас попот и кефалијата – сто илјади аспри не само нашето село, ами цело Мариово сермија нема, не готови пари. Ами дајте мувлет?
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
СТРИКО МАРКО: Еј момчиња! Огладневте од скокање! Ај, седнувајте на јадење! Зашто голем пат ве чека!
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Во нашето село имаше најмногу партизани, бидејќи беше планиско и тие се криеја по планините...
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Не ми беше баш по волја, затоа што не сакав да се оддалечувам од мојот баталјон, во кој сите бевме од нашето село Сопот.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Во тоа време многу фамилии од нашето село избегале во Бугарија, па имаше доста празни куќи.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Така селото остана и без поп, туку затоа остана Лазо вошливиот.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Тој ни помагаше да откриваме дека во животот можат да се научат и многу други нешта освен за кои знаеше и можеше да знае нашето село.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Изгледа оттаму ги протерале калуѓерите или калуѓерките и нѐ сместија во големи одаи со кревети на кат, по дваесет и повеќе деца.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Инаку, во нашето село беше плипот од деца.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Се сеќавам, беше април. Не знам колку деца точно бевме од нашето село.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Од нашето село, преку планина, требаше да има друг одред, а јас требаше да му се приклучам.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Како што рековме, овие денови ќе ти се платат по два трудодена, а да не зборуваме за тоа дека со ова ти ја задолжуваш и целана наша Задруга, а исто така и социјалистичкиот напредок на нашено село.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И навистина загина на Плетвар. Тој беше втор што загина од нашето село. Така заврши со чизмите.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Кога се врати сличен на живо стебло со испреплетени ветки, го разгоре огнот и го помоли бедниот Герасим од Побожјане, домазет во нашето село, да раскажува за старите времиња: минал многу свет, го знае минатото. И рече дека нема веќе спиење.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Каде е сега оној недозаклан бел коњ, мислев, да ме однесе во длабочините на црногорицата над нашето село?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Само што од нашето село се разликуваше со високите куќи, високи, ене до таму горе, до ридот, со широките сокаци секогаш полни луѓе, со големите фабрики...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ние во нашето село немавме воопшто дрва и лебот го печевме со слама.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Си имавме ние во нашето село еден Лазо.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Инаку, во нашето село беше многу весело, имавме две групи свирачи, секоја недела имавме игранка, а кога беше невреме игравме во училиштето и сега ми се чини дека моето тогашно младешко време не би го дала за сегашните млади.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Пандо помисли дека зборува за него, та затоа се поднамести и начули уво.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)