наш (прид.) - секојдневие (имн.)

Тој е околу нас, го вдишуваме како воздух, живее со нас како наше секојдневие, од грдо се претвара во убаво, од карикатура станува естетска норма.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Можеби тезава држи донекаде и ако го проанализирам нашево секојдневие можам да потврдам дека мозокот не само што е ерогена зона туку тој е и една голема гениталија.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Порано бевме горди на јунаците од илинденско востание и на носителите на партизанска споменица, а денес ќе бидеме горди на скопската шмизла, која стана парадигма на нашето секојдневие.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Во нашето секојдневие често мораме да се определиме и за работи што, во моментот, не ни се по волја!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Така и сега, наместо за чудесни пролетни трепети, треба да ви раскажам за едно старо, никакво палто. За палтото на мојот пријател Павле. Прозаична, здодевна работа!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се вративме во Скопје, во нашето секојдневие.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Се вративме во Скопје, во нашето секојдневие.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Ако го споиме со нашето секојдневие, го разбереме како целина, како единствена сцена, во која временските кадри се само исечоци на едно заедничко постоење, тогаш можеби ќе ја вратиме љубопитноста на детето-поет во нашите очи.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Кока-кола во шише (варијанта срча, не пластика) беше дел од нашето секојдневие.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
„Колку многу среќи на едно место,“ рече Сара.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На секои неколку чекори Сара нѐ замолуваше да подзастанеме, не затоа што ѝ беше тешко да оди, туку затоа што сакаше да се загледа во оние нешта покрај кои ние минувавме без да ги забележиме, затоа што беа дел од нашето секојдневие: мајка и дете седнати на клупа им фрлаа трошки на гулабите, сликар стоеше покрај штафелајот и сликаше една бреза, девојка водеше под рака слепа старица и ѝ раскажуваше за светот што се пружаше околу нив, две деца копаа во земјата со рацете а нивниот татко читаше весник и не забележуваше како тие пронаоѓаа црви, млад човек се беше сместил како на фотеља на гранката на огромниот даб и потсвирнуваше, момчиња играа со топка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И се надевам дека книгава ќе се најде во вашите раце, а вие, читајќи ја, ќе видите како еден возрасен човек, кој поминал и детство и младост, гледа на многунешта што нè опкружуваат, што ни се случуваат во нашето секојдневие.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Оттука сиот прв период на Кејџовото творештво поминува во борба за признавање на легитимноста на тие запоставени и “заборавени” звуци, дисонантни тонови, шумови од околината, сите звучни феномени од нашето секојдневие.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Олга Наумовска во ПОЕТСКИ БЛЕСОК не зафаќа интересности од поетска природа само од нашето секојдневие, поетска смисла и значење на сопствениот интерес го испраќа безгранично.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)