наш (прид.) - свест (имн.)

Секој ден мора да се менува нашата свест и знаењата, што ќе рече овладување на воени знаења и вооружувањето...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Постепено ќе нè уништуваат, гризејќи од нашата свест. ќе ја разјадуваат како црвот јаболко.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Кај работата на Гилхрист ризикот се однесува на подолгорочните ефекти од депривацијата и пореметувањето на сонот, и на заедничкиот страв во однос на тајната на нашата свест. 24 okno.mk 2 ДЕЛ: УТРОБА И ТЕХНИКА Во научната и културална теорија и пракса денес се под прашање цела низа стојалишта во однос на човечката свест и техниките на иднината.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Го поддржувам гестот на Александар Бренер зашто пулсира со енергија, зашто, уста на уста, му дава живот на она што е мртво, како што се мртви уметничките дела или културата, закопани во нашата меморија, нашата свест, нашите книги.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
По таа теорија, основниот принцип на целокупниот живот, вклучувајќи го и нашиот, е механичка, пресметлива, алгоритамска низа. (De Landa 1991) Ханс Моравец смета дека до 2030 г. луѓето ќе бидат потиснати од роботи, и дека нашата свест ќе ја складираме во машини. (Moravec 1988)
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Она што е статично е мртво, како историјата, додека динамичното е живот, а понекогаш и уметност, како во случајот на Александар Бренер.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Според едно стојалиште, животот и интелигенцијата функционираат на начин кој е сведлив, а со тоа и повторлив, на машина.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кога неочекувано загрме за време на перформансот на Гилхрист во Фрајбург, на отворено, техничарите прво ја заштитија опремата - потоа публиката ги предупреди на тоа дека и на озвучениот спијач му треба некаква заштита.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Проблемот, изглегува, е што наместо на крајот да излеземе победоносни иматели на геј-гордост и слобода што ќе можеме сесрдно да ги викаме наши сопствени, ние сме си создале геј-идентитет што активно ги потиснува и патосот и задоволството на тие останати преостанати настрани афекти од кои сакаме да мислиме дека сме се ослободиле и за кои тврдиме дека просто ги снемало од нашата свест.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И ние живеевме со митот дека Арафат нема никогаш да умре.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Арафатовата легенда дека ќе живее вечно и дека еден ден сите бегалци ќе н врати во слободна Палестина во нашата свест ќе стаса до метафизички граници.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бевме едновремено и свесни дека со неговото исчезнување можеше да исчезне и самата идеја за Палестина...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И таа легенда ќе стигне во нашата свест до метафизички граници...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Иако можеме со една јазично-стилска анализа да проникнеме во феноменот на создавањето на тој свет, сепак, се чини, никогаш докрај нема да осознаеме, како тој ни се наметнува, како ни се налага и на кој начин проникнува во нашата свест и во нашите емоции.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Неправилно е, фаќа на нашата свест, - ова. Уши пробивте: заедно, заедно, а сѐ сами работите.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Без обзир на нашата свест за бесконечното, истовремено го задржавме и потполното чувство за секојдневните работи... COLD TURKEY 3 Не бенигна жед Која работникот го повикува на вино: Ниту жедта на телото (Иако со лудост проколната) Кога устата е полна со песок И очите слепени, и ушите Ја мамат душата да слуша Вода, вода на дофат од раката, Кога човекот ќе ги забие ноктите Во своите гради, и ќе пие крв Иако веќе се потсирува и мати Додека со јазикот дотекува со нејзиното течение, Неговиот мозок се врати во детството. 110 Margina #10 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Прашањето што се поставува е дали овој феномен е задржан во нашата свест поради петвековната потчинетост под Отоманската империја или пирамидалната држава наследила дел од нејзи­ното постоење?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тие никогаш ништо не изнасилуваа оставајќи самиот живот да ни ги открие тајни­те на семејството, доколку созрее нашата свест за да трагаме по нив.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)