наш (прид.) - река (имн.)

Трим Тоска, откако сите во салата се смирија, продолжи: - Почитувани другарки и другари, нашата голема Партија, во согласност со сите локални и републички органи на власта, откако изврши повеќемесечни истражувања по биографиите на нашите кадри, реши на прекалениот другар Јагулче Дримски да му ја довери изградбата на првата хидроцентрала на нашата река, недалеку од истекот од Езерото...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Се родивме крај нашата река во мирисот на земја и трева испотени од топлата утроба на преблаги црвени булки.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Охрабрен од јасната поддршка на секретарот, тој продолжи: - Почитуван секретар, ако ние денес не го најдеме излезниот пат на јагулите, разгледувајќи го Проектот за изведба на насипите и хидроцентралите на нашата река, ние засекогаш ќе го запреме патот создаден уште во мугрите на животот на нашата планета.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Нерамен сум ко самата природа во стомакот карпи ми живеат и од нив тече нашата река.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
- Се согласувам, - и потврдува - па и да се менува за нас оваа река секогаш ќе е наша река.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Како што реков, - продолжи секретарот, - на највисоко ниво е решено на нашата река да се извршат неколку зафати од пошироко стратегиско значење: да се кренат две големи хидроцентрали, едната близу Езерово, а другата близу границата со нашиот западен сосед, со кого сме и во братска социјалистичка заедница.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Така, додека ги посматрав овие населби, неволно ми идеа мислите на убавата долина на Радика, па и Вардар, на нашите езера, на долините на другите наши реки, во кои можат да се изградат безброј вакви летувалишта, кои веројатно ќе бидат и подостапни за наши луѓе, и патем да се решаваат и други проблеми - да се вработуваат нови луѓе и да се активира една цела нова индустрија за приколки, која сега сѐ уште е во зародиш, барем кај нас.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)