наш (прид.) - рака (имн.)

Сами ковавме кондури правевме бочви, мотики, с нашите раце мајсторски дигнавме бели градови.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Знаеш ли дека загуби дваесет и пет килограми во тежина откако си во наши раце ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Секој приод, секоја патека, секоја гола лединка, просто, сѐ што не е во наши раце, а го гледаме пред нас, да се минира.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Потоа тие вкусни нешта беа темелно излижани со јазиците на учесниците во претставата, со стенкање и подждригнување над блуежот на оној што лежеше на нашите раце.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Никоја работа не се држеше за нашите раце.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Имал среќа“ се велеше и за некој кој за влакно ја одбегнал смртта, не затоа што бил добар човек кој вредело да поживее, не затоа што на време закочил, или затоа што не се колебал да повика пожарна, туку затоа што бил следен од тој невидлив дух кој му го покажувал патот, оној истиот кој ни става чадор во торбата кога почнува да врне, кој го отвора зеленото светло кога брзаме, кој прави на улица да се судриме со луѓето кои сакаме да ги видиме а да одбегнеме други, кој со нашата рака ги влече правилните животни потези, со еден збор, кој ни помага сѐ да биде како што треба.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Пишано било со наши раце ние двете сето да го сториме.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)