наш (прид.) - пријател (имн.)

А јас верувам дека главната идеја што се ослободува од оваа книга е: „Да ги сакаме козите, да ги спасиме нашите кози, нашите пријателки, нашите хранителки”.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Обид да им ја пренесам пораката на сите нејзини и мои, наши пријатели за кои се наменети овие редови.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Длабоко во срцето се надевам дека Скендерови го најдоа рајот!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Седевме во мракот на Синематик и го гледавме метар по метар материјалот што го снимивме во текот на целата таа година по сите места во кои бевме - Сан Франциско, Саусалито, Лос Ангелес, Филаделфија, Бостон, Хемптон и ширум Њујорк, во кој се наоѓаа сите наши пријатели.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Додека го гледав сето тоа заедно таа ноќ, имав впечаток дека е многу повистинито (мислам, поневистинито, што всушност е многу повистинито) отколку кога навистина се случило - Еди и Ондин, еден покрај друг на пуста и ветровита плажа, облачен ден и само звукот од камерата, додека нивните гласови се губат во ветрот и одат некаде над песокот, додека се обидуваат да запалат цигара и сето останато.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Некои луѓе останаа во текот на целиот филм, некои станаа и си отидоа, некои заспаа во своите седишта, некои заспаа во предворјето, а некои беа како мене - не можеа да го тргнат погледот од платното ниту за момент.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тука го сретнавме нашиот пријател, господин Андреас Бовлис, со кого се запознавме во Скопје, во „Интер - Македонија“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И одеднаш ми текна. Па, да. Во тие времиња наш пријател престојувал тука во Прењес и пред заминување го посетивме и му кажавме каде ќе одиме.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Она што на почеток мислевме дека е само една од многуте несолени шеги на нашиот пријател, подоцна ја примивме како јасна порака.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Се случи некако овој неповолен факт да се наметне како тема при една вечера кусо време пред да заминам и еден од нашите пријатели забележа: „Па, драга, знаеш како се вели - отсуството го зацврстува срцето“.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Но, овие неколку написи на нашата пријателка искрено ме воодушевуваат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- А, бре старче, вчера, кога дојдовме со еден другар наш пријател при тебе, што те прашаше тој и што му одговараше ти?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Јазак да ни биди - му рекол еднио на другио, што сме мезлич покрај царо, и да не знаиме колку еден селцки чоек итрос!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Не!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Кучињата се наши пријатели. Сте биле овчари, знаете.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Револуционери кои станувале владетели во своите земји, нобеловци, славни писатели биле наши пријатели, пријатели на бараните книги кои секогаш успешно им ги наоѓавме коментира Армен Самуелиан, творецот на Источната библиотека, кој беше познат по својот толерантен однос кон книгите од сите режими и од сите источни краишта на светот од Балканот до Блискиот и Далечниот Исток, до Кина и Јапонија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Нашите пријатели нѐ канат на последната средба за османизмите во гастрономијата, во балканските јадења, ќе дискутираме и вечераме, теоретски и практично ќе го откриваме вкусот на задржаните османизми.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И ти би можела да се вклучиш во вечерата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мал беше бројот на оние деца што веруваа дека и луѓето што немаат карактеристика значат нешто; можеби и тие, ете, толку многу страдаат, исто толку љубат, исто толку се наши пријатели.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во тие тешки моменти многу ни помогнаа Милја и Нино, нашите пријатели, двајцата доктори.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Овие се наши пријатели. Други пукаа на тебе.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Никој не знае кое време го избрал за свој придружник нашиот пријател, - реков - не смееме дури ни да помислиме дека сме негде близу до вистината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А можеби и не е во прашање власта туку некоја група писатели. Немате слушнато за тоа?“
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А потоа, глумејќи чуден вид незадоволство со изменет глас праша: - Виде како нè предаде нашиот пријател?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Мислев на нерасчистени сметки на нашиот пријател со власта.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Катерина, да те запознаам со Јана - реков откако ја забележав изненаденоста на лицето на Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Нема потреба да ја правдаш Јана пред мене! - рече Катерина стегајќи ми ја мишката. –Добро ја познавам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ми се пристори дека токму ова прашање упатено по сè изгледа кон мене најмногу ја збуни Јана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не ја знам причината а сепак сум сигурен дека тој се одредил за најдоброто од она што му било понудено.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- На нашиов пријател до пред малку му се привидуваа фатаморгани - рече Б.С.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Навистина, во кого ќе се вљубиш?” Откако ја бакна во челото и се врати на својот стол Стариот писател погледна кон мене: “Кој ќе стане среќно вљубениот што толку нестрпливо ја очекувал смртта на нашиот пријател?“
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Којзнае смртта на што сè се повикала кога го повлекла нашиот пријател од терасата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Токму тоа - реков, можеби по малку и гневен - не можам да сфатам: ме обавестуваш за смртта на нашиот пријател а ти си во толку добра кондиција и покрај лелекањето преку телефонот за обетките, облеката, шминката.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Секако, сите наши пријатели се овде во градот“, продолжи тој.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Таа секогаш сакаше и нејзиното име да шета низ загадочните приказни чиј што свршеток никогаш не беше доволно јасен, иако напати можеше да се наслути".
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А за она што се случи помеѓу Генералот и Рајна, ( а мислам оти беше во прашање само еден обичен флерт), сметам дека спаѓа во познатите каприци на нашата пријателка.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)