наш (прид.) - предок (имн.)

Градот е убиец, градот е жртва во градот на асфалтот се пролева крвта стемнети муцки со дебели ланци со вишок на мускули, а шуплива црпка Секој втор млад е социопат да стигнеш до успех биди ти гад таксисти по улици со завршен факс и револуцијата влезе во климакс Бледи лица со насмевки тажни лица со брчки, осамени дами мочли со џипови глумат џет сет со луксузен стан заработен в кревет Крстот свети во темните ноќи од премногу пороци светат и очи и сите тука се сметаат за светци се вртат во гроб и нашите претци
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Необјаснивото исчезнување на нашиот предок, патрицијот, кој на своето последно патување реши да го потопи бродот со сиот мистериозен плен и да остане на некое, за нас безимено, за него единствено острово – пречувствува дека исчезнувањата се далеку од баналните објаснувања за неминовниот крај.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Потоа следува респект кон предците, наши блиски или подалечни роднини и кон оние заедничките наши предци, чии роднини и кон оние заедничките наши предци, чии дела се темел на: - чеснољубието, - славољубието, - славославието, - словото, - славата, - славјанството, - славо- словувањето, - словодарувањето на другите народи, - слогувањето на буквите, - слогувањето на зборот, - служењето на Бога преку писмото, преку Светото писмо...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Пред осум илјади години нашите предци имале чувство за сите овие науки.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
И покрај се, вистината од нас бара да ја откриваме, отстранувајки и ја обвивката, таа не тера да минеме низ парадигматските случки, да ја осознаеме, поклонувајки и се како пред кралица на тајните величејќи ја како најдостоинствена нишка на човештвото, проткаена низ вековите изминати зад нас, зад затскриените изодувања на сите наши предци, чистејки ги нивните дворови, непрескокнувајќи ги дури и најсуровите грешници меѓу нив.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
33 Професорот Фред рецитираше: „... и кога стана, нашиот предок ја одвои муцката од земја, па таа се исуши и заздрави.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кога открил дека може да стои без да се држи за дрво, несигурен и наведнат како старец без бастун,” овде тој со надмоќна насмевка фрли поглед кон професорот Оливер “нашиот предок се испра­вил, глумејќи дека е многу покрупна ѕверка и ширејќи го полето на гледање, така што од поголема оддалеченост гледаше животни што од тогаш можеше полесно да ги лови, и оние кои од тогаш потешко го ловеа него.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Можеби татко ми најмногу потсетуваше на нашиот предок.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Еднаш му пишав на брат ми во Мелбурн и, не раскажувајќи му поединости, го прашав дали тој знае нешто повеќе за нашите предци.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Како глава на бројното семејство Буколовац, Трајко бил и чувар на амблемата – магарешка глава со ѕвезда на чело, а испод глава полегнати на во косо две секири и два долги ножа, сето тоа исцртано на одбранбен штит, кој го носеле пред себе нашите предци.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Убави се нивните куќи. Во темелите и ѕидовите на нивните нови куќи се вградени камењата од нашите куќи, од нашите цркви, од надгробните плочи на нашите претци.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Трагично заврши нашиот предок Сули – беј.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Наши предци, сине, го чувале делот на патот кој минувал крај Езерото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Газеле, синко, повеќе генерации наши предци врз прагот, а други сакале да го откорнат, да заминат, да полетаат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)