наш (прид.) - прегратка (имн.)

Ех, како би бил добредојден еден непостоечки Дедо Мраз да го врати во детството, во она време кога добиваме играчки и покрај тоа што не веруваме во него; кога самото постоење е доволна причина да се биде сакан; кога нашата прегратка е награда за возрасните, а насмевката е топлина за присутните во собата; несмасните зборови се причина за развеселување, a едно одење до продавница изнудува пофалба.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)