Ако е тоа некаква утеха, да ја завртиме и последната страница на нашата потрага!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но мене не ми се бара повеќе по речниците, книгите, записите, макар што во спротивно би имало работа за до крај на животот!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко не се доискажа, очекувајќи Камилски да запраша: Кое би можело да биде тоа подрачје?
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Пред конечно да ги прецизираат поединечните и општите обврски, Татко неочекувано рече: Ние мораме, мој Камилски, да ја завршиме нашата потрага, со областа која најмногу го опфаќа некогашниот живот, нашиот живот, животот воопшто!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Притоа што се не замеша. И борбата. И нашата потрага во неа. И потрагата на Иван. Па дури и побуната на природата.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Мислам на онаа огнена топка што им припаѓа на вистинските природни чуда?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Требаше да ме побара по телефон другарката секретарка Егејката Филимена за да дознаам дека Иван е во затвор и дека мене ме повикал Ѓурчин за да утврди колку сум виновен за неговото однесување!?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Само едно не спомна Боге од Бањи.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Материјалното богатство и сетилното задоволство за нас имаат мошне особена функција“, објаснува Бартлет; „тие ги надоместуваат другите облици на немаштија“.262 Бартлет намерно ги оставил непрецизирани тие други облици на немаштија – сигурно имал на ум цела палета општествени и политички лишености – но ја оставил отворена можноста дека можеби има некој мошне особен „глад што зјае под“ нашата потрага по сопствености (175).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Како што „прекумерната сентименталност што била неопходна состојба на сентиментите не дозволувала никаков вистински предмет“ – сентименти кои бродвејскиот мјузикл ги негувал кај своите протогеј-обожаватели, според Д. А. Милер – упорната желба на геј-мажите за скапоцени сопствености потекнува, според Бартлет, од едно постојано чувство на темелна фрустрираност поради тоа што предметите кои најмногу ги посакуваме нам ни се особено недостапни.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)