наш (прид.) - посета (имн.)

Најпосле погледна кон Х.Х. кој упорно му го покажуваше својот часовник за да ја забрза нашата посета и што побрзо да ги посетитиме и павилјоните на католичката, право­слав­ната и муслиманската вера.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Христина не знаеше дека доаѓаме. Не ѝ јавивме. Никому не јавивме за нашата посета. Отидовме, без малку, авантуристички.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Години потоа, кога раскажувавме за оваа наша посета во Будимпешта, мајка ми знаеше да рече... и јас со паметот на Наташа...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Б.С. тврдеше дека во разговорите со него Самоников се однесувал чудно после онаа наша посета кај Јана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Зошто? На некој необичен начин таа посета Б.С. отворено ја доведуваше во врска со крвта на плочникот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тоа интервју или, подобро, доживувањето од тоа интервју, молскавично ги избриша сите позитивни впечатоци што Ернст ги беше насобрал за време на нашата посета на Книн.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
При нашата посета децата најразлично се забавуваа.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Не добил цел месец писмо од Аксја.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ова беше единствениот ведар момент од сета таа наша посета.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)