наш (прид.) - поднебје (имн.)

Римските императори кои потекнуваат од нашето поднебје подигале импресивни градови за кои не се знае доволно, но никулците на градската култура тешко се одржувале во воените превирања и судирите меѓу народите на Балканот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
ПОДЕЛБА (скаска со поднаслов: Подигра) - Се сретнале Е. А. По и Р. Полански. „Си ја подзалижал косата ко да одиш на подиум“, му рекол По на Полански. „А ти подзалажуваш во приказните ко подлец!“, рекол Полански. „Кога го подзасили тонот подзаличи на тип од подземје“, рекол По. „Па, колку што знам, тоа е и твое подрачје“, рекол Полански и дискретно подждригнал. „Што фураш, Полански, во филмовите?“, прашал По. „Подлогата ми е една мачка“, рекол Полански. „Еден тип“, подмачкува друг тип, го убива, го шиба во подлогата со мачката, става цемент и сѐ подзамачкува!“ „Личи на мене!“, рекол По. „А ти, што фураш?“, прашал Полански. „Нешто ко подмет ми е една подморница“ што полека, од разни подсвесни и подтекстуални причини, се подигнува кон Месечината.“ „Знаеш што, По?“, рекол Полански. „Согледувам: наше поднебје е ПОД!“ „Фино речено, Полански. Драго ми е што подискутиравме“, рекол По. Margina #19-20 [1995] | okno.mk 45
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
А тие продолжија: Си го упропастила брашното, и почнаа да ме убедуваат дека не е еднакво житото од нашето поднебје и од нивното.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ако во нашето поднебје сме научиле лозјата да ги гледаме во рамнините ил на благите висорамнини, тогаш покрај оваа река никогаш не би растела лозата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во врска со магарешкиот трн Ласте Думбаровски раскажуваше сознание на наш учен дека за успешно виреење на овој дар на природата потребни се многу лајна од добиток и дека нашето поднебје, со својата благопријатна клима, нуди оптимални услови за неговиот развој.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ги прашав: Зошто да не, навистина ова е ’ржано брашно, но јас сум месела од секакво брашно и секогаш добро излегувало.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)