Во однос на оваа цел, на британските експерти им било сосема јасно дека отфрлањето на британската поддршка на Тито „сега или во иднина е надвор од дискусија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во рамките на овие „алтернативни политики“ се предвидувало: „А) Отфрлање на нашата поддршка на комунистичките движења во југоисточна Европа и да создадеме поумерени елементи.“
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Под изговор дека се чувате од луѓето на Ѓорчета, вие ќе треба да исплетете околу местото на атентатот таков лавиринт, што тој никогаш да не биде во состојба да се извлече од него без наша поддршка и помош.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Јас мислам оти ние треба да бидеме лојални кон Турција, но претполагајќи оти турското правителство и народ ќе разберат најпосле оти интересите на нивната држава во Европа се совпаѓаат со нашите и зависат најмногу од нив, а не си противречат, и затоа Турците први ќе треба да го докажат искреното сакање да се во мир со нас и со тоа да ја заслужат нашата поддршка на нивните интереси.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во однос на Југославија биле сосема сигурни, имајќи го предвид она што се случувало на теренот, дека "Тито, со сопствени сили и со наша поддршка, веројатно ќе се појави како водечка сила, го сакале ние тоа или не, како резултат на граѓанската војна против Србија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Таа нивна сигурност произлегувала од фактот дека "Црвената армија веројатно ќе оствари контакт со партизаните", а тоа, во секој случај, ќе ја зацврсти позицијата на НОД, предводено од комунистите, и ќе ја зацврсти позицијата на Јосип Броз Тито, како врховен командант на единиците на НОВ и ПО на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)