Секако, денес ова е елементарен факт за којшто стануваат свесни сé повеќе жители на нашата планета.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Јас во тоа не верувам, јаничарскиот нагон ќе се пренесува преку новите генерации војници, потчинети на новите господари на војната врз сѐ посвршените и поубиствените оружја на нашата планета Земја!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Замисли вонземјанин, рече еднаш Фокс, кој дошол овде да ја открие доминантната форма на интелегенција на нашата планета.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Но, тука сѐ уште не сме постигнале многу... Би било логично новите суштества да имаат сосема нови особини... Овие, под наводници “живи суштества” имаат сосема други особини од биомасата позната на нашата планета.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Тенковите околу границата ја чекаа Неговата команда додека тие, со муницијата што ја имаа во складовите, не ќе издржеа ни толку колку што и е нужно време на капка алдехид да се испари, на тоа соединение чии биолошки молекули еднаш, по не знам колку илјади светлосни години, ќе попаѓаат од галаксиите врз нашава планета, од да се развијат нови суштества, сеедно какви и до колкава мера поинакви од нас, да се вклопат во ритамот на животот според Неговите формули - класно изедначување на расите и ...
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Да не беа пристаништата, морињата, а рака на срце - и компасот, сѐ уште ќе се занесувавме дека земјата ни е рамна како тепсија, и дека никакви непознати земји и народи не постојат од другата страна на нашава планета.”
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
22. ВЕСЕЛ СИ? - СЕ ЖЕНАМ; ТАЖЕН СИ? - СЕ ЖЕНИВ - ете така: по завршувањето на оваа анкета се формираат армиите на стражар и пленик - двата спротивни света на нашата планета...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
За Кулик: „Вистинската демократија може да биде воспоставена врз политички инклузивната идеја на зооцентризмот (човекот како дел, а не мера за биосферата на нашата планета) - Зооцентризмот го интегрира човекот како супкултура во поголема целина на соединетата култура на ноосферата (изведено од noos: способност за мирисање, сетило за мирис)”.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Некогаш одамна, вели тој, имало еден пар сопрен во слика на простор-време, или како да беа стопирани во сликата, како што ти и јас би биле пак да летаме преку земјата, од исток на запад со брзина од 600 милји на час додека САД пролетуваат под нас од запад кон исток со брзина од 1000 милји, носејќи ги со себе Земјината атмосфера и нашиот DC-10 со нето брзина од минус 400, додека нашата планета збивта околу Сонцето со брзина од 66 илјади милји на час а нашата галактичка локална група заеднички трча кон Големиот атрактор отприлика milion und so Weiter, но за нас ефектот е како да седиме во темница со пластични чаши со шабли од Мендосин на 32 илјади стапки над Мисисипи, да речеме - што е точка којашто за нас во тој момент, како и било која друга точка, би можела да се смета за Stillpunkt во средиштетето на нашиот космос и сите други, од која релативно се сметаат нивните вртоглави движења и контра-движења. Маргина 34 79
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Пред нас е почетокот на времето на моќен раст на нашата планета.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
На тоа соединение чии биолошки молекули еднаш, по не знам колку илјади светлосни години, ќе попаѓаат од галаксиите врз нашава планета, од нив да се развијат нови суштества, сеедно какви и до колкава мера поинакви од нас, да се вклопат во ритмот на животот според Неговите формули - класово изедначување на расите и...
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Беше јасно дека по Француската револуција - ,,црвот” на прогресот не ќе престане да ја нагризува нашата планета Земја.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Ќе доаѓаат луѓе од сите страни на светот, од Исток и од Запад, да се воодушевуваат на сочуваните автентични претставници на дамна изумрени светови, кои повеќе никогаш нема да постојат на нашата планета...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Пред сè, другари, ние сме одговорни пред историјата и географијата на нашата планета, да не бидеме виновни за запирање на, со милиони години, стариот пат на јагулите од овие благи езерски води, до морињата, океанот и назад.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Охрабрен од јасната поддршка на секретарот, тој продолжи: - Почитуван секретар, ако ние денес не го најдеме излезниот пат на јагулите, разгледувајќи го Проектот за изведба на насипите и хидроцентралите на нашата река, ние засекогаш ќе го запреме патот создаден уште во мугрите на животот на нашата планета.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Но, само јагулите ја имале судбината да го остварат кружниот пат, да го поврзуваат благиот и солениот дел на нашата планета.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Повторно охрабрен, тој се надоврза на претходната мисла: - Ќе дојде денот кога Езерото ќе стане светилиште на нашата планета.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Надвор врне снег, зима е како никогаш дотогаш, народот е исплашен од вестите за крајот на светот, а во топлата кафеана “Балкан” Филип Филиповски потонува, крај чаша црно вино, во длабоки размисли: мисли на своите книги и на страшниот сон.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
На деветтата страница новинарот Д. Томовски напишал текст со наслов: „На петти февруари сонцето сепак ќе свети“, а подолу, со поситни букви стои: „Некои индиски и малајски религиозни секти прорекоа дека ноќта меѓу 4 и 5 февруари нашата планета ќе престане да постои“.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
На 17 октомври истата година, престана да свети сонцето за Филип Филиповски.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)