Пред мугрите на педесеттите години, нашето писмо испратено до италијанската стоковна куќа Ла Ринашенте, претставуваше неверојатен чин на храброст, но и на лудост, на голема илузија дека писмото ќе стигне на крајната адреса и дека, на крајот, каталогот ќе заврши во рацете на Мајка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ако не оставиме да ги осветат грчки попишта, а ние нема да оставиме, ако писмото во црквата биде наше, а не грчко, ако децата во училиштето не учат наше писмо, а не грчко, ако во општината се служиме со наше писмо и наш јазик, црквата, општината и училиштето ќе бидат наши а не грчки, вели Максим Акиноски и ја зема од скутот тутурката која на краевите и на средината е заврзана со црвена панделка.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Посакувавме новиот ветер на слободата, на отворањето на земјата, силно да дувне, да го понесе нашето писмо на некој облак, да го земе некаков добар ангел, да го однесе во Италија, во земјата во која Мајка некогаш беше среќна и да го предаде во стоковната куќа на Ла Ринашенте.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Минуваа денови, седмици, месеци, но од одговорот на нашето писмо упатено до Ла Ринашенте, немаше ни трага ни глас.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ние неа ја поврзувавме со нашето писмо испратено во Италија за да ни се достави каталогот на Мајка од Ла Ринашенте.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
И да не се сретнел со некој руски учен, кој му разјаснил дека не е Грк, никогаш не ќе земел да изучи наше писмо.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Се всели нов страв кај сите нас. Стравот поради враќањето на Сталин и поради нашето писмо...
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)