наш (прид.) - партија (имн.)

- Да, знам... им кажуваше за Македонија... за слободна Македонија, што е спротивно на тоа што вели нашата партија...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Требаше да се чека здружениот ум на нашата партија, па да се дојде конечно до одговорот: по смртта на човекот не се случува ништо, ама баш ништо.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ништо не му е препуштено на случајот. За тоа бдее и будното око на нашата партија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Да живее нашата партија на трудот...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Нашата партија конечно триумфираше на патот на ослободувањето на нашиот човек од оковите на верата, вековните предрасуди...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сакаа да ја делат власта со нашата партија и државата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- Да, браќа, - продолжи директорот, свесен за превидот, - вие ќе се вклучите достојно во прославата во која нашата Партија на трудот, нашиот народ ќе ја покаже големата љубов кон великиот Сталин и почитта кон неговото дело, во името на целиот пролетерски и работнички свет.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сега ќе види­те какво штетно влијание имаше исламската религија врз албанското население и како нашата партија се пресмета со неа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Само така ќе имаме прочистен, единствен народ, кој уште поуспешно ќе го води нашата партија кон нови победи на чело со нашиот Водач.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но не за долго. Нашата партија ќе најде излез и од оваа тешка ситуација...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
ги менуваат имињата на луѓето и на местата, на својот јазик не смееш и да се расплачеш, мртвите да ги испратиш, ако зборот му се украде на јазикот, јазикот може да биде и пресечен и откорнат, мајките им ги затнуваат устите на децата, со раце им ги затвораат, ги задушуваат; од Јужна Грција се сите служби: и учители и попови и полиција, сите ни кажуваат што треба да работиме и колку треба да работиме, но никој не ни кажува како треба да живееме, ама кога ќе победи нашата партија, ќе нема човек на човека роб, ние слободно ќе зборуваме и на својот јазик ќе учиме...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Навистина?“ уште прашува таа умна глава.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нашата Партија љубовта повеќе не ја смета за грев“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но нашата партија има славно искуство, на крајот, ние ќе триумфираме, козите ќе ги победиме...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Меѓутоа почитувани другари, за сите вас од посебен интерес е европската, односно балканската јагула, за чија судбина треба да одлучи денес нашата Партија. И никој друг!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Секогаш надвладувал разумот. Сигурно и нашата Партија не ќе го стори тоа.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Истакнувајќи дека за нив и за биосветот на Езерото ќе зборува Горски, тој истакна: - Нашата Партија мисли секогаш дијалектички, интегрално и материјалистички во поединости.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)