наш (прид.) - пари (имн.)

Избиени и голораки, под водство на комунистите, што е најлошо, станаа против државата која со наши пари и оружје безмилосно ги бие и ги треби.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„Отиде Југославија у пичку материну, а и нашите пари со неа!“
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Мустафа ефенди е оварда кога се работи за наши пари, вели Максим и ја преместува тутуката од десната во левата рака; првин полека, претпазливо, ги симнува панделките од неа, потоа се навалува нанапред и со лицето на дланката на десната рака ја чисти, небаре ја мазни, тревата пред себе.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)